Турскиот претседател му објави "војна" на американскиот долар, откако побара секоја држава да си тргува со националната, сопствена валута, а не амерички долари

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 7:33

Ердоган повика државите каде што се зборува турски јазик да тргуваат со националните валути

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, истакна дека зависноста на меѓународната трговија од американскиот долар треба да се намали бидејќи тоа стана пречка за Турција, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган присуствуваше на шестиот Самит на Советот за соработка на земјите од турското говорно подрачје во Културниот центар „Рук Ордо“ во Киргистан, каде што предложи „тргување со сопствени валути, а не со американски долари“.

Турскиот претседател истакна и дека настаните докажале оти Турција и нејзините пријатели не треба да ја одлагаат борбата против терористичката организација ФЕТО.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар од 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени, смета Анкара.

Терористичката организација ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството. Ердоган додаде дека „оваа терористичка организација се организирала преку образовни институции ширум светот, како и во Турција“.

Домаќин на Самитот во Културнот центар „Рук Ордо“ е киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков.

Турција, Азербејџан, Казахстан и Узбекистан на Самитот се претставени од своите претседатели, додека Унгарија, која на Самитот е како држава набљудувач, ја претставена премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.