Франција е најмногу за воведување санкции кон Турција на самитот на ЕУ на 10 и 11 декември.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 декември, 2020 21:35

ЕРДОГАН ПОРАЧА: Турција нема да ги прифати заканите во спорот со Грција и Кипар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција нема да потклекне на заканите во спорот со Грција и Кипар поради поморските права во источниот дел на Медитеранот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој исто така рече дека Турција сака преговори за континенталниот појас и правото на потенцијални енергетски ресурси, објави Ројтерс.

“Кога станува збор за прашањето за Источен Медитеран, нашата земја никогаш не се залага за тензии, туку за мир, соработка, правда и спроведување на правдата. Патот до ова е преку преговори засновани на меѓусебно почитување”, рече Ердоган!

„Нема да се поклониме на заканите и уцените! Нема да дозволиме империјалистички експанзионизам“, посочи тој.

Лидерите на Европската унија треба да проценат дали има основа за воведување санкции против Турција. Тие ќе одлучат во четврток дали ќе ја исполнат заканата да воведат санкции откако Турција го испрати својот истражувачки брод во водите на која Грција го има правото!

Франција е најмногу за воведување санкции кон Турција на самитот на ЕУ на 10 и 11 декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Пред утрешниот состанок меѓу Меркел и премиерите на 16 федерални покраини за ограничувачки мерки, канцеларката рече дека основните училишта, градинки, фризери и малопродажба треба да имаат приоритет во олеснувањето на мерките.

АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Заклучувањето на Германија ќе трае до крајот на февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека заклучувањето во Германија...

Холандската национална телевизија објави дека владата ќе одржи прес-конференција подоцна во текот на денот, на која ќе објави продолжување на ноќниот полициски час.

ХОЛАНДИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА НОЌНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Останува на сила до 2 март

Холандската влада ќе го продолжи ноќниот полициски час воведен поради ковид 19 до 2...

Тој исто така најави дека поради епидемиолошката состојба пописот планиран за април годинава ќе се одложи.

ХРВАТСКИ ДЕМОГРАФ ОБЈАСНИ: Имаме најголем број на смртни случаи од Втората светска војна

Професорот Иван Чипин од Катедрата за демографија на Економскиот факултет во Загреб...

Освен шверц на цигари и нафта, контроверзниот црногорски моќник Миодраг Дака Давидовиќ веќе подолго време работи и во областа на набавка и дистрибуција на големи количини на оружје и воена опрема за кои има оперативни податоци што треба да се пласираат на пазарите на земјите под меѓународно ембарго.

Дилер со оружје, инвеститор во Македонија: Дака нелегално ги снабдувал со оружје земјите под санкции

Контроверзен моќен човек на Црна Гора е под сомнение дека се справил со недозволен...