„Скандинавските земји се како гостилници за терористичките организации“, рече Ердоган по петочната молитва во Истанбул.

Објавил: Перо Милчин | 13 мај, 2022 20:47

Ердоган се противи на членството на Шведска и Норвешка во НАТО

Фото/Текст извор: ©r.s evropa

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нема „позитивно мислење“ за членството на Финска и Шведска во НАТО.

Долгогодишната членка на НАТО, Турција постојано ги критикуваше Шведска и другите западноевропски држави за нивното справување со групите кои Анкара ги смета за терористи, вклучително и курдските милитантни групи ПКК и ЈПГ и следбениците на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен со седиште во САД.

„Скандинавските земји се како гостилници за терористичките организации“, рече Ердоган по петочната молитва во Истанбул.

Ердоган вели дека „ѓуленистите“ извршиле обид за државен удар во 2016 година кога неговата администрација приведе десетици илјади лица поради нивната наводна поддршка или симпатии за групата. Ѓулен и неговите поддржувачи го негираат обвинението.

Се очекува Шведска и Финска на 15 мај да ги потврдат своите планови да аплицираат за приклучување кон трансатлантската воена алијанса. Противењето на Ердоган би можело да претставува проблем за процесот, бидејќи на новите членки на НАТО им е потребен едногласен одговор на приклучувањето.

Турција се обидува да посредува и да ги олесни мировните напори меѓу Киев и Москва откако руските сили ја започнаа нивната сеопфатна инвазија на Украина кон крајот на февруари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...