Македонија
Вести
АД ЕСМ, подружица ,,Енергетика”, врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика.
Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.
Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на ,,Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во ,,Енергетика”и истиот е навремено обезбеден.
Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.
Дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.