53 евра за мегават е цената која државната ЕСМ и ја понуди на ЕВН Хоум. Оваа цена е за 3 евра пониска од сегашната и од неа најмногу зависи кoлкави сметки за струја ќе плаќаат граѓаните.
Сепак, конечната одлука за новата цена која ќе се применува од 1 јули и ќе важи во следните 6 месеци, ја носи Регулаторната Комсија, каде треба да се вкалкулираат и барањата за мрежарина од ЕВН, за пренос од МЕПСО и за покривање на загубите на Електродистрибуција. Од 1 јули се враќа и ДДВ од 10 на 18% , со што се очекува сметките да бидат повисоки. Но премиерот уверува – ценовен шок на граѓаните нема да има, цената на електричната енергија ќе остане непроменета
,,Јас можам да ги уверам граќаните дека ценовен шок нема да има и дека цената на струјата ќе сотане непроменета. Ние сме обезбедиле финансиски средства од буџетот, за да ја помагаме државната ЕСМ”, изјави Димитар Кoвечевски, премиер.
Се разгледува и опцијата за враќање на дневната евтина тарифа, која беше најавена за 1 јули. Но, премиерот вели, истата нема да се воведе веднаш, затоа што на ЕВН и треба време да ги подеси броилата.
,,Откако ќе се донесе одлуката, пошто неа ја носи РКЕ, ако биде донесена, на ЕВН ќе и треба време за да се подесат броилата кај сите домаќинства кои имаат право на дневна евтина тарифа”, додава Ковачевски
Од ЕВН пак велат – Регулаторна прво да ја достави одлуката, за да можат тимовите веднаш да започнат со подесување на броила. Сепак, признаваат дека време ќе им треба и не можат да прецизираат кога би се зваршила целата постапка.
Премиерот вети и понисика цена на струјата и за малите потрошувачи., кои се снабдуваат на регулираниот пазар. Вели дека во буџетот се предвидени пари за субвенцинирање на сметките и за над 72 илјади фирми, за да можат да ги одржат бизнисите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.