Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

Објавил: Едмонд Бекири | 21 декември, 2022 7:45

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите на северот на Косово била вознемирена од „присуството на вооружени луѓе, често маскирани поединци и групи“.

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

„За време на нашите патроли на терен, бевме сведоци на вознемирувачко присуство на вооружени мажи, често маскирани поединци и групи, на северот на Косово. Ова е неприфатливо. Сведоци сме на поставување дополнителни барикади, кои мора веднаш да се отстранат. Тие се нелегални и ја попречуваат слободата на движење. Покрај овие грижи, загрижува и криминалот на северот на Косово. Безбедносниот вакуум создаден по оставката на полицајците, косовските Срби, може да го користат криминалните групи. Останува на органите на прогонот да го спречат тоа“, изјави од мисијата на ЕУ за приштинските медиуми.

Во координација со КФОР, формираната полициска единица на ЕУЛЕКС и резервната полициска единица продолжуваат со теренските патроли на северот на Косово, вклучувајќи пешачки патроли во северна Митровица и Звечан.

Во рамките на својот мандат и капацитет, ЕУЛЕКС е поддржувач на ваквите превентивни мерки, но вели дека тие не можат да ја заменат косовската полиција, што е прв безбедносен одговор, соопштија од полициската мисија на ЕУ во Косово. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.

КФОР: Ги следиме настаните на Косово, во контакт сме со претставниците на Белград и Приштина

Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно...

Земјите од Квинте, заедно со високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, бараат да се отстранат барикадите на север затоа што се нелегални, напиша Брнабиќ на Твитер и го критикуваше Брисел.

Брнабиќ: Барикадите што ги подигнаа Србите се повик за мир

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека барикадите што ги поставија Србите...

Поради ситуацијата на Косово, војската на Србија е во состојба на готовност и подигнато е нивото на борбена готовност. Не можеме да бидеме опуштени, Србија е сериозна држава, преземна одговорност за сите можни проблеми истакна спрскиот

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички

Во Косово стапи на сила одлуката за замена на српските со косовски регистарски таблички...