За продолжување на нивната важност ќе биде потребна дополнителна доза од вакцината (бустер-доза).

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2021 6:05

ЕУ ковид-сертификатите ќе важат 9 месеци, потоа ќе треба бустер-доза

Фото/Текст извор: ©магазин

Ковид-сертификатите за Европската Унија, кои се користат за меѓудржавните патувања, ќе важат девет месеци по последната доза вакцина, стои во новите препораки за патувања на Европската Комисија, кои беа објавени денеска.

За продолжување на нивната важност ќе биде потребна дополнителна доза од вакцината (бустер-доза).

Новите податоци на Европскиот центар за заштита и контрола на болести (ЕЦДЦ) покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува по првите шест месеци и се препорачува бустер-доза за да се пролонгира имунитетот по овој период.

Европската Комисија вели дека три дополнителни месеци ќе бидат доволни за да се даде флексибилност на ЕУ државите во нивните кампањи за вакцинација. Здравствените политики се во надлежност на поединечните држави на секоја ЕУ членка, а истовремено и секоја држава спроведува посебна кампања за вакцинација. Сепак, набавката на вакцините се централизирани преку ЕУ низ заеднички договор.

Покрај доказ за вакцинација сертификатот исто така може да се добие преку негативен тест на коронавирус во последните 72 часа или пак по прележување на болеста.

Граѓаните кои немаат ваков сертификат ќе можат да патуваат но од нив може да се бараат да исполнат дополнителни услови пред или по нивното пристигање. Истите правила ќе важат и за сите млади повозрасни од 12 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денска е над 86 долари за барел, додека северноморската нафта брент се тргуваше по цена повисока од 88 долари за барел во исто време.

Цените на нафтата највисоки од 2014 година

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа од октомври 2014 година, како резултат на...

Паралелно, претседателот на Федерацијата на вработени во државните болници побара да се променат упатствата на Националната организација за јавно здравје и задолжителниот карантин за заразените да се зголеми од пет на десет дена.

Околу 2.500 здравствени работници во Грција се во карантин поради ковид-19

Со сериозни проблеми и недостиг на персонал се соочуваат болниците во Грција, со оглед...

Според Махамуд, СЗО ќе продолжи да го следи вирусот, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.

Претходно медиумите објавија дека експерти од Универзитетската болница во Марсеј откриле нов вид на коронавирус и привремено го нарекле Б.1.640.2. Според првите податоци, на југот на Франција од овој сој се заразени 12 лица.

Повратник од Камерун беше означен како нулта пациент.

СЗО ја следи состојбата со сојот во Франција

Експертот на Светската здравствена организација Абди Махамуд денеска изјави дека...