
Свет
Вести
На денешната видео конференција на министрите за туризам на ЕУ во однос на европскиот туризам беше одлучено да биде изготвен заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји-членки, јави ДПА.
Имено на средбата на министрите фокусот беше ставен на туризмот во Европа и за загубата која би ја претрпеле земјите кои главно живеат од туризмот.
Според хрватскиот министер за туризам, Гари Гапели, документот, кој го предлага ЕУ се однесува на здравствениот и безбедносниот дел од протоколот кога се патува.
Како што рече Гапели договорено e постои заеднички план за управување со кpизи, без оглед на индивидуалните ситуации во државите, пишува Инфомакс.
Туризмот сочинува 10 до 11 отсто од БДП на ЕУ и вработува 12 отсто од вкупно вработените. Клучен е за зајакнување, односно спасување на националните економии – рече Капели при тоа споменувајќи ги како пример неговата земја Хрватска, како и Италија, Шпанија или Грција.
На новинарско прашање за можноста за воспоставување коридор за туристички сообраќај, Гапели одговори дека се надева на постигнување договор до крајот на мај, ако не и во заедничка област, тогаш билатерално со заинтересираните земји.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.