„Веруваме дека изборите на 9 август се лажни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на пленарната седница на Европскиот парламент.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2020 21:52

ЕУ ОДЛУЧНА: Не го признаваме Лукашенко за претседател, подготвуваме санкции за белоруските функционери

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Европската унија не го признава Александар Лукашенко за претседател на Белорусија и се подготвува да воведе санкции за официјалните лица на таа земја, објави денеска во Брисел шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

„Веруваме дека изборите на 9 август се лажни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на пленарната седница на Европскиот парламент.

Борел најави воведување санкции „за одговорните за насилството, репресија и фалсификување на изборните резултати“.

„Тие санкции треба да бидат донесени пред Европскиот совет на 24 и 25 септември во Брисел, ако сакаме да го зачуваме кредибилитетот на Европа“, посочи тој.

„Веруваме дека изборите на 9 август се лажни и не го признаваме Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија“, рече Борел на пленарната седница на Европскиот парламент.

Одлуката за санкциите треба да биде донесена во понеделник на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Ние сакаме решение што ќе овозможи санкционирање на Турција и Белорусија во ист ритам“, додаде Борел.

Борел го осуди продолжувањето на репресијата во Белорусија, каде „беа уапсени повеќе од 7.500 мирни демонстранти и каде беа евидентирани и документирани 500 случаи на тортура“.

„Ако ситуацијата продолжи да се влошува, ќе бидат разгледани дополнителни санкции. Ги повикуваме белоруските власти да најдат решение за кризата, запирање на насилството и незаконското притворање и воспоставување на инклузивен национален дијалог“, а ЕУ е подготвена да „поддржи каква било кредибилна иницијатива“ во оваа насока. , прецизира шефот на европската дипломатија.

Тој додаде дека новите санкции, „под надзор на ОБСЕ, ќе бидат најдобро решение, но досега беше невозможно да стапиме во контакт со белоруските власти на кое било ниво“, рече Борел.

„Одлучноста на Лукашенко да остане на власт, со очигледно зголемената поддршка од Москва, го отежнува тоа“, рече Борел ден по средбата на Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Појавата на ново жариште предизвика загриженост кај властите, кои ставија неколку региони во овој дел на земјата под режим на специјални ограничувачки мерки.

КРИТИЧНО СО КОРОНА ВО ГРЦИЈА: Воведени нови мерки во четири области поради новото жариште

Во фабрика на северот на Грција се заразиле близу 200 лица, пренесува грчкиот репортер. Појавата...

Најтешко повреден е 30-годишен маж кој се здобил со изгореници од втор и трет степен по целото тело, според агенцијата Анса.

ХОРОР ВО МИЛАНО: Експлозија на гас во станбена зграда, има жртви (ФОТО)

Експлозија што се случи утрово во зграда во Милано повреди шест лица, од кои едно потешко,...

Втората по бројност држава во Австралија, Викторија, е епицентарот на вториот бран на епидемијата, а во моментот има 75% од вкупниот број на заразени лица во Австралија.

МЕЛБУРН И ПОНАТАМУ ПОД РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ: Ново жариште во државата Викторија!

Во државата Викторија, бројот на заразени случаи не се намалува со очекуваното темпо,...

оред Би-Би-Си, десетици луѓе биле евакуирани со воени хеликоптери од областа Мамутов извор, 60 километри северозападно од Фресно.

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КАЛИФОРНИЈА: Се спасуваат луѓе, огнот се шири со неверојатна брзина(ВИДЕО)

Во Калифорнија е во тек голема операција за спасување и евакуација за луѓето кои се...