Грција целосно го поддржува ставот на Кипар во однос на Турција

Објавил: Данаил Михајловски | 18 јуни, 2019 10:50

ЕУ поделена, Кипар нов проблем за Македонија и добивањето на датум за преговори

Фото/Текст извор: ©магазин

На вчерашната седница на КОРЕПЕР, тело на постојаните претставници на земјите членки во ЕУ, не се постигнала согласност за текстот кој денес го разгледува министерскиот Совет на ЕУ, а кој се однесува на датумот за преговори за Македонија и Албанија. Неколку земји членки, меѓу кои Полска, Италија, Унгарија, Австрија, Словенија, Бугарија и Литванија барале да се подготви предлог одлука со која на Албанија и Македонија, во пакет, ќе им се определи датум за почеток на преговорите во јуни или септември. Но, Франција, Данска, Холандија и Белгија биле против ваквиот предлог, сметајќи го како преуранет, и потенцирајќи дека двете земји треба да испорачаат повеќе реформи. Но, новиот проблем бил Кипар, чиј претставник потенцирал дека официјална Никозија ќе стави вето на сите заклучоци за проширувањето, доколку ЕУ заеднички и цврсто не и се спротистави на Турција, која започна со подводните бушења за гас во поморските води од страната на турскиот дел на поделениот остров. Грчкиот претставник во КОРЕПЕР бил воздржан и не коментирал ниту за Македонија, ниту по однос на Албанија, но бил гласен за прашањето за суверените права на Кипар и истакнал дека Атина целосно го поддржува ставот на Кипар во однос на Турција.

Денес министрите на земјите членки на Европската унија се наоѓаат во ќорсокак околу дискусијата за почнувањето преговори за пристапување со Македонија и Албанија, но доколку Кипар опстои на својот тврд став тоа ќе се одрази и на заклучоците за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Земјите во ЕУ се поделени во однос на пристапот кон Кипар и Турција. Грција на пример, безусловно го поддржува Кипар контра Турција. Грчкиот министер за надворешни работи Катругалос пред средбата изјави дека Грција “традиционално води надворешна полтика базирана на меѓународното право и се противи на сите обиди за ревизионизам. Ескалацијата на провокациите од страна на Турција не е знак на надмоќ, туку знак на слабост. И мора да имаме потврда од страна на ЕУ дека суверените права на Кипар во однос на ексклузивната економска зона се исто така суверени права на ЕУ“.

Од своја страна Австрија и Германија исто така имаат критичен однос кон Турција и владеењето на претседателот Ердоган, додека Шведска, Полска, Шпанија и Италија се залагаат за тоа да се зачуваат отворени европските перспективи на Турција. „Има огромно несогласување и не е јасно дали министрите ќе се договорат“, вели анонимен европски дипломат за новинската агенција Ројтерс. Во Македонија наскоро се очекува со свој став за Кипар и Турција да излезе МНР Димитров, кој има многу добри лични релации со сегашниот грчки министер за надворешни работи Картугалос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...