Опозицијата, која пред Договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак нема да може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер в грб.

Објавил: Македонка Димкин | 21 октомври, 2019 10:34

ЕУ предизвика политичка криза во Македонија и го загуби својот кредибилитет

Фото/Текст извор: ©DW.COM

Под наслов „ЕУ предизвика политичка криза во Македонија“, швајцарскиот Neue Zürcher Zeitung предупредува дека ветото на францускиот претседател Емануел Макрон може да го урне премиерот Зоран Заев.

„Внатрешнополитичката криза во Македонија ги потврдува бројните гласови кои предупредуваа дека натамошното отфрлање на земјата од страна на Брисел може да испрати катастрофален сигнал и долгорочно да ја загрози дури и стабилноста во регионот“, пишува НЦЦ, и ги пренесува „жестоките критики“ кои поради таквата одлука дојдоа и од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
„Опозицијата, која пред Договорот со Грција критикуваше дека со менувањето на државното име се губи националниот идентитет, а на крајот земјата сепак нема да може да влезе во ЕУ, со одлуката од Брисел добива ветер в грб. Доколку националистичкиот камп околу поранешниот премиер Груевски, кој во меѓувреме избега во Унгарија поради пресудата за корупција, се врати на власт, земјата ќе назадува во реформските напори“, оценува НЦЦ.

„Балканската политика на ЕУ се засноваше врз принципот дека реформите во владеењето на правото ќе бидат наградени со напредок во интегративните процеси. Како што покажува одбивањето на Скопје, тоа правило сѐ помалку важи. Тоа ќе има последици и подалеку од Северна Македонија и ќе го ослабне влијанието на ЕУ во целиот регион“, констатира швајцарскиот NZZ.

Стратешка грешка

Берлински Tageszeitung  на оваа тема објавува коментар под наслов „Стратешка грешка“.
Француското „Не“ за почеток на преговорите ужасна многумина во Скопје и Тирана. Со одлуката се засилуваат антиевропските сили, забележува весникот.

„На македонското и албанското општество овие денови ќе им останат во паметење. Блокадата на францускиот претседател Емануел Макрон на двете земји, фрли многу луѓе во Скопје и Тирана буквално во депресија. Владите во двете земји во последните години сторија многу за да го одржат патот кон Европа. Во таа битка се работеше буквално за европски вредности: независност на судскиот систем, слобода на медиумите, заштита на човековите права“, наведува коментаторот на ТАЦ.

„Левичарскиот премиер на Македонија, Зоран Заев, со договорот за името со Грција постави и пример за регионалната мировна политика. Ги спроведуваше реформите барани од Брисел и покрај отпорот на националистите поврзани со Русија. Сѐ со цел, да дојде еден чекор поблиску до ЕУ, и покрај сознанието дека до членството во ЕУ ќе поминат уште многу години“, пишува ТАЦ.

„Но не само САД под раководство на Доналд Трамп се во состојба да ги предаваат своите сојузници. Сега и прогресивните сили и граѓанските општества во Албанија и Северна Македонија, со француското ’Не’ се предадени. И надежите за европска иднина на другите земји на Западниот Балкан како Црна Гора, Косово и Босна се гаснат.“

„Веќе се погласни се  гласовите, да не се гледа повеќе кон Европа, туку кон Русија и Кина. Заев веќе најави нови избори со цел да го остави народот да одлучи за правецот на државата. Токму во тој контекст претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го опиша ветото на Макрон како голема ’стратешка грешка’.

Тажно е што на тој начин се закопува еден носител на надежта на Европа“, заклучува во коментарот ТАЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач...

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции...