Европската унија ќе одвои 18 милиони евра помош за Иран вклучително и за приватниот сектор со цел земјата да може да ги надмине последиците од санкциите на САД.
Средствата се дел од големите напори на ЕУ да го зачува мултилатералниот Договор за нуклеарната програма на Иран откако во мај се повлекоа САД.
ЕУ од буџетот вкупно ќе оддели 50 милиони евра за помош на Иран согласно постигнатиот Договор во 2016-та година.
“Со овој нов пакет ќе се прошират економските и секторските односи во областите кои се од директна корист за нашите граѓани.” – изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини додавајќи дека Унијата сака да ја задржи соработката со Иран.
Осум од 18 милиони евра се наменети за приватниот сектор односно за средните и малите фирми и за помош на иранската Организација за помош на трговијата додека други осум милиони евра се наменети за еколошки проекти а два се за борба против наркоманијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.