Знаете кога се употребува вето? Во крајна нужда. Грците го употребија ветото дури во 2008 година, после 17 години разговори и преговори.

Објавил: Перо Милчин | 18 ноември, 2020 22:44

ЕФТОВ: Георгиевски им кажа на Бугарите дека ја изгубија битката за Македонија

Фото/Текст извор: ©во центар

Знаете што сакаше да им каже Љубчо Георгиевски на Бугарите? Дека ја изгубија битката за Македонија. И дека за тоа не им се виновни ни Тито, ни Коментерната, ни Белград, ни Москва, никој друг не им е вионовен освен т’пите бугарски политичари.

Знаете кога се употребува вето?

Во крајна нужда. Грците го употребија ветото дури во 2008 година, после 17 години разговори и преговори. И Грците го употребија ветото за да докажат дека ние и Грците сме различни. Бугарите ќе употребат вето за да докажат дека ние и Бугарите сме исти.

Ја разбирате ли таа грандиозна глупост?

Знаете што сакаше да им каже Љубчо Георгиевски на Бугарите? Дека ја изгубија битката за Македонија. И дека за тоа не им се виновни ни Тито, ни Коментерната, ни Белград, ни Москва, никој друг не им е вионовен освен т’пите бугарски политичари.

Вето значи развод, раздвојување а не спојување. Не може со вето да се покаже дека ние и Бугарите имаме заедничка историја. Тоа е тоа колосално промашување на Софија за кое ќе станат свесни за некој месец или некоја година.

Во тој меѓупростор од 17 години имаше се и сешто со Грците, од тајни преговори за конфедерација меѓу Македонија и Грција до прифаќање на имиња од типот Република Македонија ( Скопје ), Република Славо Македонија до Република Горна Македонија, па до атентат врз Киро Глигоров.

На крајот од краиштата во 2001 година украинското оружје во најголем дел дојде преку Грција, а не преку Бугарија. И Грција никогаш не кажа збор за тоа, ниту пак ни префрлаше со пораки од типот-што ќе беше ако ние не ви помогневме.

Како што тоа го прави Бугарија во секоја прилика-Бугарија прва ве призна, во времето на санкциите кон СР Југославија и ембаргото од Грција преку Бургас и Варна се снабдуваше Македонија итн.

За разлика од нив Македонија никогаш не кажа дека во времето на техничката влада на Стефан Софијански, таа 1997 година, со испратеното жито од Македонија Бугарија се спаси од глад. Во тоа е разликата. Пријателите и соседите не ги кажуваат и не се фалат со такви работи.

Сега Бугарија го употреби ветото. Знаете што значи тоа вето?

Дека Бугарија повторно, овој пат финално, капитулираше во однос на македонското прашање. Зидот меѓу Македонците и Бугарите секогаш беше многу голем, но сега со ветото тој зид е поголем и од големиот Кинески ѕид.

Тоа денес им го кажа Љубчо Георгиевски на Бугарите. Проблемот е што во денештата бугарска власт многу малку луѓе тоа можат да го разберат.

Ние им благодариме на Бугарите што ни ставија или ќе ни стават вето. Со тоа вето Бугарија долгорочно е исфрлена од игра во Македонија. Бугарите тоа не го сфатија кога беше потпишан Преспанскиот договор и беше договорено името Северна Македонија.

Сега тој договор е клучниот проблем на Бугарите. Од една страна го имате тој договор, а од друга страна го имате влијанието на таа таканаречена седма југословенска република ( тоа се уметноста, културата, музиката ) која ја надживеа пропаста на СФРЈ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека информацијата дека Данска и Холандија се приклучуваат на бугарското вето е неточна.

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: БУГАРСКИ МЕДИУМИ НАЈАВИЈА ВЕТО И ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ, ДОЈДОА ДЕМАНТИ

Лажни вести се информациите дека  Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето...

Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по посетата на Жеровјане, каде што изврши увид на новата реконструирана зграда за полициското одделение.

Спасовски: Македонскиот идентитет и јазик се прашања за кои никој нема право да разговара

Владата прави напори за на принципиелна основа да се постигне компромис во однос на...

Очекувам следниот месец да го именуваат Груевски за почесен министер за финансии.
Зошто да не?

Најчевска: Како може Бучковски како осуден криминалец кој се извлече од затворската казна да биде претставник со Бугарија?

Поранешниот премиер и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на...