Актуелниот европски првак делуваше уште некомпонирано и невоиграно и единствениот период во кој имаше иницијатива беа почетните 15-тина минути.

Објавил: Владо Марин | 16 август, 2020 22:54

Е. Пелистер ја освои Струга и му најави на Вардар што го чека сезонава

Фото/Текст извор: ©sport 1.mk

Еурофарм Пелистер е освојувач на традиционалниот „Струшки турнир“, совладувајќи го во финалето Вардар, со 26-23.

Актуелниот европски првак делуваше уште некомпонирано и невоиграно и единствениот период во кој имаше иницијатива беа почетните 15-тина минути.

Вардар водеше со 6-3, подоцна и со 7-4, но оттука почна налетот на Е. Пелистер. Прво изедначи на 8-8, а потоа таа серија ја протегна до девет постигнати, а само два примени гола, па во последните десетина минути имаше водство од 11-9. Вардар, сепак, не дозволи да замине на пауза со негатива и стигна до 13-13 на крајот од првиот полчас.

Во вториот, Е. Пелистер беше подобар тим уште од стартот. Веднаш наметна водство, а Вардар се соочи со расположениот Градимир Чаневски, кој нанижа четири интервенции, токму во периодот кога неговиот тим градеше предност. Таа достигна максимални плус пет (23-18) во 48. минута, а Вардар не покажуваше знаци дека може да се врати, со оглед дека многу често грешеше во нападот.

На крајот на натпреварот се појавија и искри, колку да се види дека, иако е само подготвителен турнир, во македонскиот ракомет допрва ќе има ривалство. По еден дуел на Кушан и Талески, се вклучија сите ракометари на паркетот, а епилогот беше црвен картон за македонскиот репрезентативен лев бек и син за Столе Стоилов, кој се обиде да разделува.

Ова е триумф број 12 на турнирот за Е. Пелистер, прв откако ја има додавката Еурофарм на своето име, а 12 има и Вардар, па сега двајцата го делат епитетот најтрофејни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското

„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната...

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев

Е-спортот стана официјален спорт во земјава

Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт. Современиот...

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

Георгиевски на прием кај Заев, доби уште 800.000 денари плус награда за среброто!

Новиот македонски херој Дејан Георгиевски кој донесе сребро од Летните Олимписки...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

Секоја година расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите, во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари

„Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските...