Поранешната обвинителка и натаму ќе биде без патна исправа, а државата не смее да ја напушти со лична карта. Останува и забраната што ја одреди судот, таа да може да комуницира со лицата кои се инволвирани во случајот „Рекет“.

Објавил: Весна Петровска | 14 јануари, 2020 15:18

Јанева останува во ДОМАШЕН ПРИТВОР – сакаше да се брани од слобода – СУДОТ НЕ ДОЗВОЛИ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Одбиена жалбата на Катица Јанева со која бараше Апелацискиот суд да ја ослободи од куќен притвор, за да се брани од слобода, потврдија од судот за „А1он“.

Судискиот совет ја потврдил првостепената одлука која ја донесе кон крајот на ноември, кога Јанева од истражниот затвор „Скопје“ беше преместена во станот на нејзиниот син, каде ја издржува мерката куќен притвор.

Поранешната обвинителка и натаму ќе биде без патна исправа, а државата не смее да ја напушти со лична карта. Останува и забраната што ја одреди судот, таа да може да комуницира со лицата кои се инволвирани во случајот „Рекет“.

Вишото јавно обвинителство испрати негативно мислење до Апелација за одбиеното барање на Јанева да се брани од слобода. Таа во затворот во Шуто Оризари беше од 21 август до пред почетокот на судските рочишта на 3 декември.

Следното рочиште за случајот „Рекет“ ќе продолжи на 20 јануари.

Бојан Јовановски, Катица Јанева се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство. Во досегашната истрага дел од парите се пронајдени, а дел Бојан Јовановски ги потрошил на скапа гардероба, патувања и ексклузивни одмори. Јанева од колачот добила мебел во вредност од 4.800 евра и пари во износ од 50.000 евра. А, Боки 13 1,5 милион евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Уште две лица починаа од Коронавирус во земјава- бројот на заболени е 617!

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово...

Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакнал дека во моментов во светот нема лек за коронавирусот, но посочува дека нема ниту заболен кој што не е лекуван,пренесува БГНЕС, .

Борисов: Ќе испратам стотина заштитни скафандери во Македонија- браќата се гледаат кога е тешко!

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска најави дека Бугарија ќе и помогне на нашата...

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

Од денеска полицискиот час од 16 до 05 часот!

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува...

Докторката од кожно беше меѓу првите заболени од коронавирусот, потврдено е дека зарази 6-мина колеги, а околу 200 беа во карантин. Истражителите собирале докази и од местото каде бил одржан семинарот на кој говорела докторката, се прави мрежа од сите лица со кои таа стапила во контакт.

Директорката на Кожна клиника Цаца- Билјановска и момчето од Карпош ќе одговараат за ширење на коронавирусот!

Истрагите за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести и момчето од скопската...