Се работи за Вангел Трајчулески кој бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал.

Објавил: Владо Марин | 5 декември, 2020 20:05

ЖАЛНА ВЕСТ: Доктор Трајчулески од Крушево почина од коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Асоцијација на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) на својот Фејсбук профил соопшти дека доктор од Крушево го загубил животот од коронавирус.

Доктор Вангел Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал.

Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството!“, пишуваат од АСМЛ на својот Фејсбук профил!

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.

Во последните 24 часа починаа 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Веста за неговата смрт ја објавија и неговите блиски пријатели кои со тажни зборови се потсетија на докторот кој трагично го загуби животот во синоќешниот пожар.

Во тетовската болница изгоре и доктор Ферди Саќири (ФОТО)

Денеска иако беше објавено дека ниту едно лице од медицинскиот персонал во тетовската...

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното знаме е поставено на половина копје.

Изгоре жива во болницата во Тетово спасувајќи ја мајка си!

По трагичниот настан во Тетово прогласена е тридневна жалост низ целата земја. Државното...

На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во КОВИД центарот во Тетово

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот...

Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител.

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина братот на претседателот Пендаровски

По повод информациите објавени попладнево на порталите, кабинетот на претседателот...