Отец Прохор е по потекло од Македонија, а во Цетинскиот манастир бил замонашен на 29 октомври 2010 година.

Објавил: Перо Милчин | 24 октомври, 2020 11:58

ЖАЛНА ВЕСТ: Од коронавирус почина јеромонах од Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јеромонахот Прохор од Цетинскиот манастир, кој е во ингеренции на СПЦ, починал од компликации на Ковид 19, соопшти Црногорско—приморската митрополија.

Во соопштението пишува дека отец Прохор Јосифов починал по кратко и тешко боледување предизвикано од инфекција на новиот коронавирус, објави порталот Религија.мк

Отец Прохор е по потекло од Македонија, а во Цетинскиот манастир бил замонашен на 29 октомври 2010 година.

Роден е 1977 година во Кочани, Република Македонија, крстен со името Душан. Богословија завршил во Скопје, каде и студирал на Богословскиот факултет. Како ѓакон бил ракоположен во Брегалничката Митрополија.

Последните години во Цетинскиот манастир ја извршувал должноста економ на манастирот, како и манастирски свештенослужител!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од Болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.

Потресно сведоштво на братот на музичарот Ице: Дали некогаш нешто ќе профункционира во Македонија?

Пред малку на фејзбук се огласи братот на почитаниот музичар Борче! Мојот брат Ице...

Според неофициални извори до кои дојде ИН Телевизија, познатиот музичар од кога го прележал ковид-19 вирусот имал компликации со здравјето, по што починал.

ЖАЛНА ВЕСТ: Од последици на Ковид 19 почина познатиот саксафонист од Битола Ице Атанасовски

Познатиот музичар-саксафонист, Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со...