Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија.

Објавил: Стојче Бушин | 8 јули, 2020 13:42

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина познатата новинарка Јасмина Спасовска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата.

Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија.

Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум.

Неодамна како последица од коронавирусот почина Шенол Ахмети, снимател и камерман од албанската редакција во Македонската радио-телевизија!

Ахмети беше долгогодишен снимател и камерман во МТВ, како и активен член во секцијата на сниматели при ЗНМ.

Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија.

На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.

Почина доктор од Тетово како последица од Ковид 19

Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово....

Ковачевски на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина портпаролот на ЕВН- Атанас Ковачевски! ПОЧИВАЈ ВО МИР!

На 50 годишна возраст, почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски. Ковачевски...

Негови колеги и пријатели со неверување се простуваат на социјалните мрежи од диџејот кој зад себе ја остави сопругата Наташа и две деца.
Веста за неговата смрт ги потресе и галичани, бидејќи Ицко е по потекло од Галичник.

Последно збогум од сопругата на диџеј Ицко: Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе и нашите деца

Македонската електронска сцена остана без Ристо Мелоски, познат како диџеј Ицко од...