
Свет
Балкан
Тажна е сликата во Албанија по големиот земјотрес кој се случи утринава и кој срамни за земја речиси половина Драч.

Имено земјотресот однесе најмалку 14 жртви а еден од нив имал многу тажна приказна која ја соопшти репортерката на емисијата „Бум“, Аријана Лоче. Таа на социјалните мрежи го соопшти идентитетот на жртвата за која албанските медиуми тврдат дека е првата жртва на силниот земјотрес кој утринава ја погоди Албанија.
Станува збор за Кристијан Преци, кој само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, го загубил својот живот, пренесува „Индексонлајн“.
Како што објави репортерката, Пречи бил неправедно осуден и по обраќањето во нејзината емисија, тој бил ослободен по петмесечниот престој и издржување на казната.
Жалосно е тоа што Пречи не успеал многу да се радува на слободата бидејќи починал утринава во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој утринава ја погоди Албанија.
После силниот потрес кој се случи во 3:54 часот со 6.4 степени следуваа серија од десетина потреси но со помал интензитет, меѓу третиот и четвртиот степен според Рихтеровата скала.
Според информациите од албанските медиуми се уште се чувствуваат чести потреси, кои до сега ја надминуваат бројката од 110 потреси.
Уште се трага по четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот.
Според очевидци, под урнатините во зградата во Туман има девет лица – членови на две семејства.
Земјотресот беше почуствувано и во делови од Македонија, меѓу кои и Скопје.
Тресеше цели 15 секунди, а граѓаните според коментарите по социјалните мрежи, испаничени се разбудиле од потресот. Потресот се случи во 3 часот и 55 минути.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.