–Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село…И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна…

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2019 14:29

Жално: Инспектор безмилосно бркал бабичка која продавала, му ги нудела заработените 80 денари за да не плати казна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото експрес

Статутс кој буквално ќе ве расплаче, и ќе предизвика многу емоции се појави утринава на социјалната мрежа Фејсбук. Имено станува збор за сведоштво за ситуација во која инспектори ги бркаат на сила продавачите на малите пазари, пишува Експрес.

–Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село…И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна…

Да ве прашам вака јавно, дали овие жени од преку 70 години дојдоа на пазар на овие пекол температури, од мака? – Секако дека од мака дојдоа, затоа што да имаа достоинствен живот немаше тоа да го прават. Млад новопечен инспектор, со трето одделение што те вработиле од некој смрден партиски штаб, на стара жена и ги влечеш кофите и се дереш демек јак к…рац си некој?

Дали мислите бе дека некој нормален ќе ве гласа веќе, вас и некој сличен на вас?! Македонија е земја искрадена до коска, узурпирана од криминалци, имате неразјаснети убиства, тежок организиран криминал, непотизам од болни размери, очаен животен стандард и бидејќи вие средивте све, ви остана уште бабите од Зелен пазар да ги тегнете. Едната од нив денес извади од престилката 80 денари и му ги даваше на инспекторот земи, земи, му рече, за тебе се париве, од чајот ги земав, ама немам казна да платам…
(Фејсбук статус)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

. Од нив, 19 се од Северна Македонија, 3 од Црна Гора, 4 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово, се наведува во соопштението.

Шекеринска на свечената заклетва и на промоцијата на питомци на Воената академија (ВО ЖИВО)

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се обраќа на свеченоста по повод промоцијата...

Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“.

Следната недела конкурс за вработување на 640 Албанци во администрацијата

Следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на албанци во администрацијата,...