Македонија
Вести
Против докторот во август беше отворена истрага за делото измама откако претходно ИРЛ го објави документарецот „Нечиста крв“ за лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација
Докторот Жан Митрев, сопственик на истоимената клиника, доставил гаранција од еден милион евра дека нема да избега во рамки на истрагата што се води против него за кривичното дело измама.
Гаранцијата, како што брифираат од обвинителството, била доставена пред околу еден месец, откако претходно Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје со отворање на истражната постапка бараше да му се одзеде пасошот, што беше прифатено и од судот.
Истрагата беше отворена на 12 август, откако околу еден месец претходно траеше предистражната постапка која ОЈО Скопје ја започна по допрен глас по објавувањето на документарниот филм Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за лекувањето ковид-пациенти со хемофилтрација во клиничката болница „Жан Митрев“.
Според досегашната динамика, таа би може да заврши за неколку месеци, по што ќе следува и одлука на обвинителството дали ќе се покрене обвинение или не.
Кога беше отворена истрага, од ОЈО Скопје соопштија дека го сомничат докторот за делото измама бидејќи во периодот од април 2020 до 2022 година со намера за болницата да прибави имотна корист, со лажно прикажување факти ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид преку методот на хемофилтрација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.