-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири.

Објавил: Стојче Бушин | 1 јуни, 2020 20:59

ЖАН МИТРЕВ: Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири, изјави кардиохирургот Жан Митрев во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Во емисијата тој сугерираше дека во клиниката имаат машини за прочистување на крвта од токсини и отпадоци, што ги ствараат вирусите и бактериите, кои тие ги користат кај пациенти кои се исцрпени од инфекции, па дури и кај пациенти со карциноми и кои даваат добри резултати.

Како болница Филип Втори ние продолживме со работа со сите мерки, засега останавме чиста болница, немаме заразени со Ковид-19. Сите позитивни кои ги примаме ги оперираме под сите мерки за изолација, истакна Митрев.

Денеска имавме голема навала за тестирање за Ковид-19, за жал се потврди мојата претпоставка дека дури кога ќе се заврши со карантин мерките со тоа опуштање и не толку сфаќање сериозно на состојбата ќе допринесе до повторно враќање на вирусот. Направивме пакет за еден збирен пакет се плаќа еден тест а се тестираат 5 луѓе, ако е позитивен треба посебно да се тестира, ако е негативен не треба повторно да се тестира. Дневно правиме меѓу 150 и 200 теста“, посочи Митрев.

Тој рече дека кардиоваскуларните болести се број 1 кај нас, а најголем дел од пациентите се имунодефицитни, и воглавно имаат и други болести како дијабетис, хипертензија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Ова е одличен резултат на политиката на инвестирање во млади лекари и медицински сестри. Само преку ваква грижа на младите им даваме шанса да останат и да работат во нашата земја, во нашето јавно здравство, потенцира Филипче.

Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, објави министерот за здравство...

Тој потенцираше дека Скопје се уште е најголемо жариште на вирусот, а Чаир е општина со најголем број на заболени

Д-р Стојанов: Сѐ поголем е бројот на млади кои завршуваат на респиратор

Др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител...

Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство!

ФИЛИПЧЕ: Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата

Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата....