
Македонија
Вести
Во Вила Водно, амбасадорот на ЕУ во ѕемјава Самуел Жбогар, по предавањето на Извештајот на Европската комисија рече дека, во Извештајот кој денеска го презентирал се зборува за промените и навистина му е драго што се јавуваат промени во начинот на размислување, а ништо не го потврдува тоа од денешниот состанок на кој на една маса имал претставници од сите политички партии и сите засегнати страни кои зборуваат за иднината на оваа држава во Европската унија.
Евроамбасадорот рече дека државата е подготвена токму сега да ги започне преговорите. Тој истакна дека работата не треба тука да престане, реформите треба да продолжат и очекува ентузијазмот да продолжи и во иднината.
„Република Северна Македонија е навистина уникатна држава во Западен Балкан, уникатна е на посебен начин. Собранието е единствениот парламент во регионот во кое опозицијата и власта седат заедно внатре и дискутираат за законите кои треба да ја подобрат државата и судството, но и единствената земја во регионот која нема никакви проблеми со соседите, туку напротив развива многу добри односи со нив и тоа не само со соседите, туку со сите земји во регионот“, истакна Жбогар.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини на презентацијата на „Пакетот проширување, рече дека врз основа на строга и фер проценка, оваа година по вторпат Европската комисија препорачува отворање преговори со Албанија и со Северна Македонија.
„Северна Македонија и Албанија ја прифатија можноста и ги спроведоа реформите. Историскиот Преспански договор со кој се става крај на спорот за името со Грција и зајакнување на добрососедските односи, како што беше направено со Бугарија, е нешто што сите го цениме, го признаваме и го вреднуваме како историска пресвртница, на само за земјата, туку и за регионот“, изјави Могерини на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.