Жбогар посочи дека за него најголемо разочарување беше тоа што шефицата на СЈО, Катица Јанева била вмешана во случајот Рекет, но сепак додава дека има повеќе работи кои го охрабриле.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 септември, 2020 9:31

Жбогар: Најголемо разочарување за мене беше вмешаноста на Катица Јанева во „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за „360 Степени“ евроамбасадорот во заминување Самуел Жбогар говорејќи за својата работа во државава изминатите четири години, по што ги посочи најохрабрувачките и најразочарувачките работи на кои сведочел.

Жбогар беше поранешен министер за надворешни работи на Словенија и Специјален претставник на Европската унија на Косово. Тој е актиуелен шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, кој оваа функција ја извршуваше четири години.

Жбогар посочи дека за него најголемо разочарување беше тоа што шефицата на СЈО, Катица Јанева била вмешана во случајот Рекет, но сепак додава дека има повеќе работи кои го охрабриле.

-За среќа, има повеќе охрабрувачки отколку работи што разочараа. Најразочарувачкото се однесува на владеењето на правото, поточно на специјалната обвинителка Јанева и нејзината вмешаност во случајот „Рекет“. Мислам дека ова беше за нас, за мене лично, најголемо разочарување, своевиден шок и заедно со многу граѓани се почувствував предаден од личноста на која и дадовме доверба. Но, владеењето на правото не е само за… Разочараноста во делот на владеењето на правото не се однесува само на разочарувањето од специјалната обвинителка. Разочарувањето оди понатаму – како граѓаните овде го перцепираат владеењето на правото. Владеењето на правото не се само судовите, владеење на правото е да не пушите во ресторани ако тоа не е дозволено, владеење на право е да не паркирате на улица каде сакате… Тоа е разочарувачки за мене, кога ќе видам автомобили паркирани на велосипедски патеки, тоа е владеење на право и затоа би рекол дека тоа е најголемото разочарување. Разбирањето за тоа што е владеење на право, менталитетот… Најохрабрувачката, најпозитивната работа се однесува на младите во вашата земја. Се сретнав, поточно зборував со неколку млади луѓе и енергијата, активизмот, општествената одговорност, нивната реална перцепција на проблемите, нивната вклученост, сево тоа беше еден вид просветлување за мене. Затоа бев многу среќен кога видов како средношколците и нивните организации демонстрираат зашто сакаат да се вратат во училиштата. Не велам дали се во право или не, но бев среќен што видов дека се мобилизирани, дека постои активизам и дека сакаат да го кренат гласот за општеството да ги слушне. Мислам дека ова е многу охрабрувачки и здраво за општеството, кога имате такви млади луѓе

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...