Со „Игри без граници” го започна тричасовниот хуманитарен концерт, не насетувајќи ја трагедијата која се случи само 11 дена по концертот.

Објавил: Весна Петровска | 16 октомври, 2019 18:30

Желбата што ја кажа ТОШЕ на последниот концерт, НИКОГАШ НЕ МУ СЕ ИСПОЛНИ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Точно 12 години поминаа од последниот концерт на Тоше Проески, кој се одржа на градскиот стадион во Скопје.

-Се надевам дека на наредниот концерт кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот на стадионот и сè ќе биде преполно“, беше желбата на Тоше која никогаш не се исполни.

Со „Игри без граници” го започна тричасовниот хуманитарен концерт, не насетувајќи ја трагедијата која се случи само 11 дена по концертот.

По завршувањето на концертот, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, како знак на благодарност за хуманото дело. Тоше ја предаде статуетката на неговата мајка Доминика, која му ја всадила хуманоста од мали нозе. Додека се случуваше сето тоа, небото над Скопје го осветлуваше величествен огномет во чест на Тоше.

Цели десет години на овој ден во центарот во Скопје се организираше „Ѕвездено небо“ и додека на видеобим се емитуваа најголемите негови хитови, луѓето ги потпевнуваа познатите рефрени, а со своите мобилни телефони му правеа ѕвездено небо.

„Македонскиот пејач Тоше Проески загина утрово во сообраќајна несреќа во Хрватска. Како што јавија хрватските медиуми, несреќата се случила кај Нова Градишка во западна Славонија“, оваа информација пред 12 години ги шокираше Македонија и Балканот кои тагуваа по Тоше.

-Една од најголемите македонски музички ѕвезди на денешен ден во 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, но воедно и изјави на различни теми по кои ќе го паметиме.

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше трчаа маратон и денеска напладне пристигнаа во Крушево на неговото вечно почивалиште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години.

Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Радмила Шекеринска наполни 50 години

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Шекеринска...

Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа Европа ја подели Македонија во 1913...

Черчил за нашата држава: Целата историја на Европа е поврзана со Македонија, затоа сите ја негираат

Винстон Черчил е еден од поважните политичари на 20 век. Најпознат е по неговата улога...