Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф“.

Објавил: Перо Милчин | 23 септември, 2019 18:04

ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА НА ПРУГАТА ШТИП – КОЧАНИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синоќа на пругата Штип-Кочани се случи железничка несреќа, при што повредени патници нема, но има причинета материјална штетата.

Како што изјави портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф“.

-Несреќата се случила во 19:55 меѓу стојалиштето кај Облешево и железничката станица Кочани помеѓу патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје-Кочани и патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 21 годишниот А.И од село Спанчево, вели Панајотова.

Во несреќата причинета е голема материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Како последица на несреќите, железничките претпријатија во изминатиот период бележат голема материјална штета на железничката опрема, постројките и на сообраќајните возила.

Билтените на МВР регистрираат случаи на кражби на делови од пругите, како и каменувања на возовите, што се одразува на безбедноста на сообраќајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Од 8:00 часот на општинскиот пат Велес – селото Иванковци, кај влез за селото Иванковци, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, информира АМСМ.

Нова несреќа ја разбуди Македонија: Повторно сообраќајка кај Велес, сообраќајот во прекин

Како што информира АМСМ општинскиот пат Велес – селото Иванковци, кај влез за селото...

Според информациите на Канал 5 , пред околу еден час почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир кој што утринава се случи на автопатот Велес- Скопје.“

ТАГА: Лекарите не успеаа да ја спасат жената која утринава беше тешко повредена во верижниот судир кај Велес

Лекарите на скопските клиники и покрај сите напорни не успеале да ја спасат жената...

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи кај Пуста Кула.

ДЕТАЛИ ЗА ВЕРИЖНИОТ СУДАТ КАЈ ВЕЛЕС: Има тешко повредени!

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста...