Денеска во Собранието, беше изгласан Законот за прекинување на бременоста

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 15:40

Жената сама ќе одлучува за абортус- изгласан Законот за прекин на бременоста

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска во рамките на 91-та седница во Собранието, беше изгласан Законот за прекинување на бременоста.

Согласно новоизгласаниот закон за прекин на бременоста жената сама ќе одлучува дали сака да ја прекине бременоста, а со овој закон се укинува тридневното чекање и останатите административни бариери за остварување на правото на абортус.

Од сега, одлуката за прекин на бременоста, жената ќе може да ја донесе свесно, без принуда од кого било, и врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата, со посебна медицинска интервенција за која слободно таа одлучува.

Со измените на законот, жената исто така ќе добие комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата.

Инаку според последните податоци бројот на пријавени абортуси во десетте центри за јавно здравство во 2017 година изнесува 4.236, но според гинеколозите оваа бројка е поголема бидејќи како што велат има абортирање на црно, па и на своја рака, што е сериозен проблем а тие бројки не се регистрирани. Голем дел од жените што се одлучуваат на ваков прекин на бременоста се под сериозен ризик, а никој официјално нема увид во условите каде што се прави.

Инаку се проценува дека абортуси има колку што има и раѓања – околу 20.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство, денеска информираше за актуелната состојба со морбили во државата.

Нема крај на морбилите- регистрирани 105 нови случаи

Се уште не стивнува епидемијата од морбили. И натаму голем број на новозаболени. Доктор...

За Фокус открива дека понекогаш се случува да не може да најде лек за својата болест во ниту една аптека.

Животот го минувам борејќи се, поминувам во 24 аптеки за да најдам лек- искрена исповед на младиот Ангел

Младиот Ангел Димитриевски кој боледува од епилепсија за Фокус  раскажува за својата...

Веста за смртта на бебето ја споделил таткото на социјалната мрежа Фејсбук и упати критика до скопската гинекологија.

Почина бебе на Клиники, таткото гневен – цевки и апарати на сите страни демек така било пишано

Уште една трагедија ја потресе земјава, почина бебенце пред два дена на скопските клиники....