
Живот
Здравје
Мештаните од околните села на местото викано Џунис, кое се наоѓа во истоименото село на подрачјето од градот Крушевац, раскажуваат за женскиот манастир Џунис во нишката епархија, од каде многу неподвижни откако ќе се напиеле од чудотворната вода од изворот покрај црквата – проодувале, слепите прогледувале, а немите прозборувале.
Според преданијата женскиот манастир Џунис настанал уште во 1898година и е поврзан со појавувањето на Мајката Божја и изворот на светата вода на местото на кое подоцна селаните ќе подигнат манастир.

Наводно чудотворната вода од манастирот Џунис настанала откако мајката божја, Богородица, и’ се прикажала на 13-годишно девојче, пред кое тогаш се отворило извор. Мајката Божја го благословила и прорекла дека ќе лекува болни. Според преданијата Богородица му рекла на малото девојче да им пренесе на селаните на тоа место да подигнат црква, а за да го означи местото на изградба, фрлила кофа вода на каменот, кој според легендата и сведочењето на старите монахини од манастирот, со текот на времето се зголемува и сега се наоѓа во малата црква, првобитно црквата-брвнара, подигната во 1934 година.
Српскиот патријарх Павле, го осветил манастирот Џунис со Црквата на Пресвета Богородица на 14 октомври, денот кога се слави празникот на Богородица. На тој ден во манастирот собираат и по неколку илјади верници кои присуствуваат на бдеењето и утринската литургија да се помолат за здравје.
Чудесните исцелувања на изворската вода од манастирот Џунис направиле вистинко место за аџилак.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.