Жерновски имал три пожелни дестинации за амбасадор: Обединети Нации во Њу Јорк, НАТО-Брисел или ОН-Женева

Објавил: Данаил Михајловски | 6 ноември, 2019 9:31

Жерновски заминува за амбасадор во Женева!?

Фото/Текст извор: ©општина Центар

Како што наближуваат изборите, така се зголемува редицата во чекалната за амбасадорски места. Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, според дипломатски извор од МНР, ќе биде идниот амбасадор на Македонија во Мисијата при Обединетите нации во Женева. Откако премина од ЛДП во редовите на Ц.О. на СДСМ, Жерновски се договори да го добие земеничкото место во МНР. Но, во СДСМ тој сепак е половично прифатен кадар и во владеачката партија Жерновски сеуште е третиран како “падобранец“, со речиси никакви шанси да биде на добитно место на пратеничките листи кои ги подготвуваат Заев, Шеќеринска и Оливер Спасовски. Тоа, според нашиот извор, е основниот мотив зошто заменик министерот Жерновски пред избори сака да замине за амбасадор, додека сеуште трае мандатот на актуелната влада.

Инаку во изминатиов период во јавноста се споменаа неколку имиња на можни кандидати за амбасадори. Премиерот Заев индиректно потврди дека е разговарано за опцијата Теута Арифи, градоначалничка од ДУИ, да биде новата амбасадорка во Вашингтон, а секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Дане Талески, да биде номиниран за амбасадор на Македонија при мисијата во НАТО во Брисел. Другите кандидати за кои постои иницијатива за амбасадорски ангажман се

  • Шпреса Јусуфи, дипломат од кариера, за амбасадор во Анкара
  • Сашко Насев, кадар на НСДП, поранешен амбасадор во Канада, за амбасадор во Софија
  • Проф. Мишо Докмановиќ, близок колега на министерката Рената Дескоска, за амбасадор во Тел Авив
  • Паскал Стојчевски, амбасадор во Прага во времето на Груевски, за амбасадор во Хаг
  • Емил Кирјаз, поранешен држ.секретар во МНР, за амбасадор во ОН-Њу Јорк
  • Светлана Гелева, дипломат од кариера, за амбасадор при Советот на Европа во Стразбург
  • Рами Реџепи, дипломат од кариера близок до ДУИ, за амбасадор во Рим
На министерот Димитров му биле одбиени најмалку три предлози на негови блиски соработници за амбасадори од страна на претседателот Пендаровски

Но, во коалицијата изгледа постојат и некои недоразбирања за тоа кој треба, а кој не треба да биде упатен за амбасадор, особено на релацијата Претседател Пендаровски кон министерот Димитров. Се шпекулира дека неколку предлози на Димитров, негови блиски соработници и пријатели, биле одбиени од страна на Претседателот Пендаровски. Како такви се споменуваат имињата на дипломатите Методија Белевски, Елена Бодева и Миле Прангоски. Истовремено, коалициониот партнер ЛДП изразил незадоволство за неисполнувањето на договореното место за амбасадор во Обединетите нации во Њу Јорк, односно сметаат дека МНР Димитров намерно ги кочел договорените законските измени на Законот за надворешни работи, со кои би се отстранила пречката при имање на двојно државјанство и би се забрзала номинацијата на Емил Кирјаз, кој има и британско државјанство, за македонски амбасадор при ОН во Њу Јорк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Во овие изминатите 29 години независност многу често политичарите кажуваа дека го следат народот, но ретко кој го слушал и вистински посветувал внимание на тоа што е она што му треба. Граѓаните навистина се чуствуваат запоставени во сопствената држава

Мицкоски: Нема да подржиме закон за обвинителство преку кој Заев повторно ќе се аболицира!

Христијан Мицкоски, универзитетски професор, татко на две деца и претседател на најголемата...

Јанушев вели дека информациите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ,   говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис.

ВМРО ГО ОБЕЛОДЕНИ СКАНДАЛОТ- Марихуаната на Заеви се продава на црно во Македонија

Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина...