Андреј Жерновски кој е актуелен заменик министер за надворешни работи а поранешен градоначалник на општина Центар на својот фејсбук профил објави дека Сашо Тасевски на денешната владина седница едногласно е избран за директор на Бирото за јавна безбедност.
Воедно Жерновски не изостави да напише дека оваа “коинциденција” со судскиот процес за настаните во Собранието на Македонија е “чудна правда”.
Популистичкиот пост на Жерновски кој сакаше да пресуди пред судот наиде на низа негативни реакции по социјалните мрежи.
“Првпат слушнав за него додека беше шеф на обезбедувањето дел од МВР во Амбасадата на САД. Од сите амбасадори со кои лично работеше добивав само пофални зборови за него.
Ова е позитивен пример како се напредува во кариерата според квалитет и заслуга бидејќи 20 години работи во МВР. И ете чудна правда. На денот кога во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година – датум кога е и направена оваа фотографија и кога ја докажа своја висока професионалност – Тасевски е поставен за прв човек на БЈБ.
Вистински професионалец на вистинско место” – пишува Жерновски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.