Во 2019 година не очекува уште еден извонреден боксерски меч, помеѓу Британскиот славен боксер Ентони Џошуа и Американецот Џелер Милер.

Објавил: Сара Фемина | 20 декември, 2018 7:28

Жестока боксерска пресметка помеѓу Џошуа и Милер во 2019 година

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ентони Џошуа најавува пресврт за борбата на 13 април и наместо борба со Дионтеј Вајлдер, со кого нема шанси да се сретне поради реваншот со Тајсон Фјури, Ентони Џошуа сега сака борба во јуни во Њујорк.

Ентони Џошуа наредната година во Медисон сквер гарден ќе се бори против непоразениот Американец Џерел Милер, кој досега има 23 победи и едно реми. Овие денови се многу актуелни во светот на боксот, бидејќи си разменија многу жестоки зборови и како што изгледа страста помеѓу нив не се смирува.

Милер и Џошуа се закачија пред некое време годинава, односно при посетата на Џошуа во САД. Тогаш светскиот шампион во тешка категорија ја промовираше својата битка со Александар Поветкин во Њујорк. Милер почна да зборува глупости за Британецот, а работата стигна дотаму што мораа да ги раздвојуваат за да не дојде до поголем инцидент.

„Милер мора да биде внимателен кога ќе ми се приближи“, порача Џошуа и додаде: „Не треба да стапнува на моја територија. Ако сака да се бори, ќе добие шанса. Нема потреба да станува мој непријател. Може мирно да преговара за неговите услови“.

Милер најверојатно ќе биде нареден предизвикувач за Џошуа, а Британецот ќе мора да се бори во 2019 година ако не сака да го загуби појасот.
Наскоро се очекува конечна изјава и одлука од нивните менаџери , ќе дознаеме каков спектакл може да очекуваме наредната година. Ентони Џошуа до сега има 19 професионални борби, 19 победи и сите 19 победи се од нокаут. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена...

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...