– На времето вие, Милчин, ги пропагиравте овие дискурси кога го водевте караванот „Граѓани за Европска Македонија“. Сигурен сум дека се сеќаваш. Велевте дека мора да има компромис со Грција заради Европската иднина. Со Преспа договорот ние остануваме Македонци со гарантиран јазик и идентитет. Државата доби име со географска одредница Северна, но си останува Македонија. И ќе ве молам, немој да ме правите наивен. И глуп. Знам кој е кој, знам што е што. Поздрав Владимире Милчин. Во право не си. – искоментира Јовановиќ.

Објавил: Валерија Петрова | 10 септември, 2019 20:13

ЖЕСТОКА ВОЈНА НА ФБ: Милчин: Ненаде ја претера!, Јовановиќ возвраќа: Баста! – ВОЈНАТА ЈА ПРДОЛОЖИ Героски: Збогум!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Жестока војна се води на социјалната мрежа Фесјбук помеѓу Владимир Милчин и Ненад Јовановиќ.

– Живееме во СРСМ и Македонци веќе нема, нема ни придавка македонски и слично. Почнуваме од нула. Нова ера во која ни дојде живот. Бљак! Авторов божем се залага за либерална демократија, а тонот и речникот му се како на запенавен автократче. Ја претера, Ненаде! – напиша Милчин.
На тоа Јовановиќ му возврати дека, Милчин, овие дискурси ги промовирал претходно.

– На времето вие, Милчин, ги пропагиравте овие дискурси кога го водевте караванот „Граѓани за Европска Македонија“. Сигурен сум дека се сеќаваш. Велевте дека мора да има компромис со Грција заради Европската иднина. Со Преспа договорот ние остануваме Македонци со гарантиран јазик и идентитет. Државата доби име со географска одредница Северна, но си останува Македонија. И ќе ве молам, немој да ме правите наивен. И глуп. Знам кој е кој, знам што е што. Поздрав Владимире Милчин. Во право не си. – искоментира Јовановиќ.

– А тукушто се мислев да ја искоментирам изјавата на актуелниот министер за надворешни работи на Грција дека тие ќе не убеделе дека не сме Македонци, кога гледам дека “либералниов демократ” ни порачал со ни малку демократски речник да не сме се пенавеле зашто работата е завршена, живееме во СРСМ и Македонци веќе нема, нема ни придавка македонски и слично. Почнуваме од нула. Нова ера во која ни дојде живот. Бљак! Авторов божем се залага за либерална демократија, а тонот и речникот му се како на запенавен автократче. Ја претера, Ненаде!

Жестока пресметка на Фесјбук помеѓу Милчин и Јовановиќ

– Името на мојата земја е Република Северна Македонија. Со тоа име ќе влеземе во НАТО, со тоа име ќе преговараме за влез во Европа. Тоа име докажува дека мојата земја комшиите ќе ги гледа како сујзници, а не како непријатели. Во јавна комуникација, името на мојата земја официјално и формално-правно е променето.

Може да се пенавите следниве 100 години, ама тоа нема да промени ништо. Јас ја прифаќам реалноста, го прифаќам договорот од Преспа како нужност и политичка реалност. Тоа не е реалност на Заев, тоа политичка реалност на генерациите кои треба да се родат и кои треба да живеат во мир. Го прифатив новото име заради мојот син, заради неговата генерација и заради генерациите кои доаѓаат.

Ако пак адресирате дека името Република Северна Македонија е само за надвор, а вие тука, овде, дома ќе си го викате јавно и приватно како ќе ви се ќефне, тогаш вие провоцирате намерно, продолжувате да делите народ и граѓани, јасно се одредувате дека сте дел од националистите и десничарите кои ја опљачкаа и растурија оваа земја баш заради тоа име и заради таа тема.

И со мене, не сакам да разговарате. Оти тоа што го претставувате, за тоа што се залагате, не сум јас. Темата за името на мојата земја ја растури оваа земја од 90-тите до денес. И во тие свинштини јас нема да учествувам.

Му благодарам на Зоран Заев што е паметен и што го препозна контекстот. Му благодарам што беше и е поголем визионер од сите досегашни влади во оваа земја. Му благодарам што повеќе името како тема нема да биде параван за злосторство, пљачка и поделби меѓу луѓето.

Ако сакате да го урнете Заев, најдете си друга тема. Досадната приказна со името не е повеќе тема во мојата земја. И баста, возврати Ненад Јоавновиќ.

По оваа војна се огласи и новинарот Бранко Героски кој исто на својот фејсбук профил напиша „Збогум мој Ненаде“

– Мојот пријател Ненад Јовановиќ (по сопствена желба, пријател до денешниов ден), мене и Владимир Милчин нė нарече “националисти”, “конзервативци” и “десничари”.
Причината за тоа, барем таа јавно соопштена, е фактот што јас и Милчин сметаме дека Преспанскиот договор не го ограничува нашето право нашата земја да ја нарекуваме Македонија.

Новинарот Бранко Героски на Фејсбук му се обрати на Ненад Јовановиќ

Ненад не можел да се помири со тоа и вели дека не сака да разговара со никој што одлучил нашата земја да ја нарекува поинаку освен “Република Северна Македонија”. Оти, така било “лево”, а ние демек сме стоеле “десно”.
Значи, Ненад веќе не сака да разговара и со Милчин и со мене. Тоа, претпоставувам, значи дека треба да го прекинеме и нашето пријателство на Фејсбук со него.
Во ред е, Ненаде. Пред да го притиснам копчето unfriend, како твој доскорешен пријател и промотор на твоите колумни, сакам да те научам нешто за тоа твое “лево”.
Мојата прва и последна политичка партија на која и припаѓав беше комунистичката. Полево, здравје. Како членови на СКМ/СКЈ и на социјалистичката младина, посебно го негувавме другарството во нашите редови. Во годините на мојата младост, тоа беше вистинско, искрено другарство, кое подразбираше и другарски кавги и другарска критика. Никој што себеси се сметаше за комунист (левичар, значи) не смееше ни на сон да помисли да ги навредува своите другари и соборци (особено не постарите), да им лепи етикети и да вели дека не сака да разговара со тие што мислат поинаку од него.
Ненаде, ти сепак не си ни левичар, ни либерал. Ти сепак си конзервативец и опортунист. Затоа не ми паѓа тешко одлуката веќе да не зборуваме, што ќе рече да не пријателуваме. Впрочем, мислам дека веќе си нашол другачиња и соговорници по мерка. Нека ти е со среќа!, напиша Героски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...