Влада

Објавил: Калина Мартинска | 11 ноември, 2024 14:32

Жестока ќе биде борбата со жилавите инсталации на СДСМ и ДУИ во судството и во обвинителството, најави Мицкоски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Борбата за спас на судството од инсталациите од пратходната власт кои довербата ја паднаа на 2% ќе биде тешка, бидејќи се очекува тие жилаво да се борат за да ги задржат функциите.

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека власта сепак ќе извојува победа во целата битка за независно судство и ослободување на судскообвинителскиот систем од канџите на политичарите.

Свесен е дека процесот ќе биде исцрпувачки, но најважно според него е да има правда во Македонија, а граѓаните да веруваат во системот.

Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка. Малкумина се слепи послушници на претходната влада, но ќе победиме а тоа што сум го кажал сум го направил. Тие ќе бидат поразени а македонските граѓани ќе добијат правда. Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и борбата со нив ќе биде долга и жестока во обвинителството и во судството, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.

Последниот скандал со членовите на Судски и Обвинителски совет и нивниот упад во Управниот одбор на Академијата предизвика уште еден земјотрес, во и онака разнишаното правосудство. Антикорупциската комисија регистрираше судир на интереси, бидејќи едни исти судии и обвинители, си членувале и во советите и во Академијата. Комисијата порача, советите да пеземат мерки со кои ќе ги стават вон сила одлуките со кои нивните членови беа назначени за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Со години граѓаните се сведоци на низа скандали во судовите и обвинителствата. Оние кои треба да донесат правда, ја заробија во јазлите на политичките амбици и личните интереси. Корупција, лични врски, непотизам, тесни интереси – вака е отсликан судскиот пејзаж. Токму поради ова, Европската Унија и повеќето меѓународни институции често се многу критични и бараат што поскоро да се спроведат реформи.

Премиерот во повеќе наврати ја повика правната фела и невладините да дадат свои мислења за реформирање на правосудсниот систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.