Туск лошата вест прво му ја соопшти на македонскиот претседател Пендаровски, кој замина за Брисел за да добие потврда за датум за преговори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јуни, 2019 18:36

Жешка шлаканица од Брисел: „НЕ сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори„

Фото/Текст извор: ©телма

Ладен туш од Брисел, речиси извесно е дека идната недела нема да има датум за старт на преговори од Европскиот совет. Пораката стигна лично од претседателот на Советот, Доналд Туск.

Искажувајќи го својот личен став дека за земјава е можна само една одлука – почнување преговори за членство, Туск ја соопшти и непријатната вест.

Согласно мојата позиција како претседател на Европскиот совет не сакам да ја предвидувам одлуката на ЕУ. Вие направивте се што се очекуваше од вас, но сакам да бидам искрен со вас. Не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање на преговори во наредните денови, изјави Доналд Туск, претседател на Европски совет.

Туск лошата вест прво му ја соопшти на македонскиот претседател Пендаровски, кој замина за Брисел за да добие потврда за датум за преговори.

Туск сепак се обиде да вметне малку оптимизам, велејќи дека не е прашање дали земјава ќе добие датум, туку кога. Сепак од кратките изјави на Туск и Пендаровски по средбата, без прашања од новинарите, остана нејасно дали неподготвеноста на некои земји да дадат зелено светло за преговори за земјава е само за претстојниот Совет идната недела, или тоа би можело да се пролонгира и на месеци.
Она што исто така стигна како порака од Брисел, читано меѓу редови од изјавата на Туск, е дека европската судбина на Македонија сепак ќе се решава во пакет со Албанија.

Лично верувам дека може да има само една одлука – отпочнување на преговорите согласно препораката од ЕК и со Северна Македонија и со Албанија, изјави Доналд Туск, претседател на Европски совет.
Претседателот на Европскиот совет се обиде и да даде изговор за неисполнување на она што самите земји-членки си го запиша во заклучоците од минатиот јуни за датумот за земјава, велејќи дека постигнување консензус меѓу земји не секогаш е лесно и брзо.
Пендаровски кој денеска во Брисел ја имаше својата прв посета на европските институции како претседател, но не баш пријатна, беше исто толку краток во пораката кон ЕУ.
Во јуни Европската унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на европска држава со праведно, хумано и напредно општество, рече Стево Пендаровски, претседател на државата.
Тој потсети дека земјава пред само две недели го доби најдобриот Извештај од Комисијата посочена како светол пример во регионот. Во успесите кои довеле до тоа ги наброи договорите со Бугарија и Грција, испорачување на реформи во клучни области и усогласување со политиката на ЕУ.
„Свесни сме дека се потребни уште реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка“, изјави Стево Пендаровски, претседател на државата.

Паралалено со Пендаровски во Брисел, премиерот Заев замина во Германија каде утре ќе се обиде од канцеларката Меркел да дознае кога ќе бидат донесени конкретните одлуки како од Берлин така и од ЕУ за земјава, поточно, да ги дознае прецизните агенди, детали, од што, како што најави вчера, ќе зависат и идните потези на владата за предвремени избори или за реконструкција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од синдикатот бараат премиерот, Зоран Заев, да „замете“ и во МВР со цел правдата да биде задоволена, а зборот одржан.

МВР врши мобинг врз членовите на синдикатот и останати припадници на полицијата!

Дејан Саздов портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, обвини дека раководството...

„Одлучен удар” е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.

Денеска Кавадарци ќе биде под воена опсада!

Денеска граѓаните на Кавадарци  ќе имаат можност на градскиот плоштад да проследат...