среда, 12 февруари 2025

MK/ EN/ DE



Светско првенство

Објавил: Калина Мартинска | 15 јануари, 2025 21:46

Живко Мукаетов во друштво на амбасадорката Агелер ја бодри Македонија!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ракометната репрезентација на Македонија против Унгарија го отвори 29. Светско првенство, кое се игра во три држави – Хрватска, Данска и Норвешка.

Во „Вараждин Арена“ ечи македонска песна, „Фалангата“ одново е присутна во огромен број, а на трибините поддршка на ракометарите им дава и првиот човек на Ракометната федерација, Живко Мукаетов, кој е во друштво на американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер.

Двајцата со македонски шалови навиваат за ракометарите на Лазаров кои одиграа фантастично прво полувреме и одлично му парираа на големиот фаворит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.