Според научниците сексуалната интимност е една од најважните компоненти на човечкиот живот, без која не можат ниту жената ниту мажот.
Иако можеби не сте свесни за тоа, кога ќе престанете да водите љубов, во вашето тело се одвиваат одредени процеси.
Нарушен сон
Освен несониците кои можат да се појават, експертите велат дека оние кои се во период на апстиненција почесто сонуваат сонови во кои водат љубов.
Жените стануваат асоцијални
Чувствата ги одредуваат хемиските процеси кои се одвиваат во нашиот мозок. Кога водите љубов, крвта се полни со одредени хемикалии поради што чувствувате цел спектар на позитивни емоции. Кога ќе му го одземете на телото овој природен процес, ја нарушувате својата внатрешна хемиска рамнотежа. Како резултат на тоа, кај повеќето жени следува депресија, пад на расположението и самодоверба. По долг период на апстиненција, жените воглавно стануваат попребирливи и тешко се впуштаат во нови врски.
Се јавува стрес
Интимноста е еден од природните начини како да се ослободите од стресот. Мигрената, несоницата, недостатокот на апетит и соновите се сигнали кои телото нѝ ги испраќа кога нѝ се потребни промени.
Пад на имунитетот
Интимноста го зајакнува имунолошкиот систем, активирајќи производство на имуноглобин, што ја зголемува способноста на телото да се бори против болестите и создава одбранбен систем. Една научна студија покажала дека имунитетот и сексуалните односи се навистина поврзани.
Ментална нерамнотежа
Сексот ги стимулира менталните активности. Оние кои редовно имаат интимни односи имаат повеќе енергија, додека некои научници тврдат дека во тој случај и концентрацијата и креативноста се на повисоко ниво.
извор: tocka.com.mk
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.