Според извештајот на СЗО, четири од 10 пациенти доживуваат некој вид штетни последици во амбулантите и болниците, а 134 милиони штетни реакции на лекови се регистрираат секоја година во болниците во средно развиените и неразвиените земји.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 19:59

Животот е во нивни раце а дури 2,6 милиони луѓе годишно умираат поради грешките на докторите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светската здравствена организација по повод Светскиот ден за безбедност на пациентите објави дека околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот.

Според извештајот на СЗО, четири од 10 пациенти доживуваат некој вид штетни последици во амбулантите и болниците, а 134 милиони штетни реакции на лекови се регистрираат секоја година во болниците во средно развиените и неразвиените земји.

Дури 2,6 милиони луѓе годишно умираат поради ненамерни лекарски грешки

Според епидемиолошките податоци, ненамерната штета кај пациентите поради грешка во текот на лекувањето во болниците се појавува кај осум од 12 отсто хоспитализирани пациенти.

СЗО, која почнува кампања за подигнување на свеста за безбедноста на пациентите и создавање сигурна здравствена заштита, порачува дека голем број такви случаи можат да се спречат.

Тие препорачуваат носење јасни насоки, добра организација, вработување квалификувани здравствени работници и ефикасно вклучување на пациентите во грижата за сопственото здравје со оглед на фактот дека анкетите укажуваат на недоволно или проблематично ниво на здравствена писменост речиси на половина од анкетираните Европјани.

Речиси 60 отсто од анкетираните веднаш по посетата на лекар не ги разбираат упатствата за земање на препишаниот лек, а во Европската унија просечно 548 луѓе дневно умираат поради неправилно земање лекови.

Фокус.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...