Бојан Јовановски во октормври беше однесен на лекарски преглед во Градската општа болница од каде директорот на ГОБ 8-ми септември Христија Костов изјави дека Бојан Јовановски нема сериозни нарушувања на здравјето.

Објавил: Валерија Петрова | 2 декември, 2019 13:15

ЖИВОТ ПЕКОЛ: Апелација денеска ќе одлучува за судбината на Боки 13, ОД БОЛНИЦА ПОВТОРНО ВО ШУТКА

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

15 јули навидум обичен ден, но за Бојан Јовановски тој ден животот му се претвори во пекол беше уапсен на граничниот премин Богородица кој се осомничи за случајот Рекет. По неговото апсење, беше приведен и второсомничениот Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, а по неколку месеци истрагата за случајот Рекет дојде до специјалната обвинителка Катица Јанева, која беше приведена.

Двајца од горе наведените имиња кои се осомничат за случајот Рекет се пуштени на домашен притвор, освен првосоомничениот Бојан Јовановски.

Бојан Јовановски во октормври беше однесен на лекарски преглед во Градската општа болница од каде директорот на ГОБ 8-ми септември Христија Костов изјави дека Бојан Јовановски нема сериозни нарушувања на здравјето.

Боки 13 мина четири часа во болницата „8 Септември“ откако му се слоши пред да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска.

„По направените анализи врз пациентот, во кои не се констатирани посериозни нарушувања на здравјето, тој е пуштен од болницата“, изјави директорот Костов.

По ова на Бојан Јовановски познат како Боки 13 му се има слошено уште многу пати дури и неговата одбрана беше принудена да повика прес-конференција и да ја изнесат пред јавноста сериозноста на здравјето на Бојан Јовановски. Адвокатот Сашо Дуковски на пресопт изјави дека стравува за живото на својот клиент и како што тој изјави Бојан и неговата одбрана не молат и не бараат нешто што не им следува.

Откако е во притвор Бојан Јовановски 30 пати бил на медицински интервенции и сите извештаи на медицинските лица велат дека тој мора да биде итно хоспитализиран, но затворскиот лекар тоа упорно го одбива, појасни денеска на прес-конференција неговиот адвокат Сашо Дуковски.

„Здравствената состојба на Јовановски е животозагрозувачка. Предупредувам на можни сериозни последици од ваквото однесување на судските и медицинските органи. Бојан Јовановски има неколку сериозни болести, а особено сериозни се последиците од лекарската грешка по извршената операција подврзување, намалување на желудникот. Таа операција е неуспешно изведена два пати, а последиците Јовановски ги чувствува сега. На 2 октомври имавме медицинска препорака за санирање на оваа здравствена состојба, дека е неопходна негова хоспитализација на клиника. Затворскиот лекар од затворот Шутка тоа не го дозволува иако лекарите од клиниките бараат хоспитализација. На 14 октомври добиваме нови извештаи од болницата „8 Септември“ и од една универзитетска клиника во Скопје во кои е констатирано дека Јовановски има еден нефункционален бубрег, задебелување. Бојан добива антибиотска терапија, која мора да биде извршена во клинички услови, но тоа не се прави. На 3 ноември Јовановски повторно се упатува на преглед во „8 Септември“ од каде имаше сериозно предупредување до затворските службеници за тоа дека мора да почне антибиотска терапија. Конечно на 5 ноември тоа почна да се спроведува. Но, судските органи упорно одбиваат да издадат решение за хоспитализирање на Јовановски. Ова се сериозни прекршоци на основните човекови права“, изјави Дуковски и најави поднесување на неколку кривични пријави за сурово и нечовечко однесување.

Боки 13 завчера повторно беше пренесен во болнциа, а денеска повторно е пренесен во Шутка.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е испуштен од Градската општа болница „8-ми Септември“ и вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

Јовановски беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.

Во меѓувреме, Апелацискиот суд денеска треба да одлучи дали тој и натаму ќе остане во притвор. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...