
Свет
Косово
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и неговите блиски соработници во текот на двете години на власт потрошиле 672.223 евра, објави приштинска Коха диторе.
Како што пишува Коха диторе, податоците се претставени во изјавата за трошоците, проследена од владата, а врз основа на барање за пристап до јавни информации.
Институциите не ја доставиле во дадениот рок бараната информација, туку тоа го направиле дури по жалбата поднесена од Заштитникот на граѓаните.
Според официјалните податоци, кабинетот на косовскиот премиер потрошил вкупно 4.885.189 евра, од кои за ручеци се потрошени 672.223, додека за снабдување со храна и безалкохолни пијалаци се потрошени и повеќе од тоа – 688.224 евра.
Харадинај е роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани во Косово. По демонстрациите на Косовските Албанци, во 1989 година емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини.
Во Албанија, во 1996 година, завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, додека во средината на 1997 година се вратил трајно во Косово, каде што, со браќата Даути и Шкељзени, организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април истата година, станал еден од регионалните команданти на ОВК.
Харадинај бил обвинет од правосудните органи во Србија за воени злосторства за време на војната во Косово, поради што е издадена меѓународна потерница по него. Врз основа на тоа, кон крајот на 2016 година, Харадинај бил уапсен во Франција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.