Кога го градевме плоштадот "Карпошово востание" го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии.

Објавил: Владо Марин | 1 мај, 2020 16:46

ЖИВ СРАМ: Во Крива Паланка со брусилици СЕ БРИШЕ СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ сред полициски час!

Фото/Текст извор: ©Вечер

По овој повод на партиско бришење на историјта и меморијата на Македонците поранешниот градоначалник на Крива Паланка Арсенчо Арсовски ова го напиша на својот Фејсбук профил:

Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии.

Сега на најподмолен начин во време на полициски час го откорнуваш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, поданички и предавнички баш како што ти личи.
Си го покажувате правото лице. Тој симбол меѓу другото беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија.

И сега ти неспособен за нешто ново да направиш мислиш дека со вакви предавнички работи ќе се прославиш.

Ејј мизеријо од човека, што правиш?

Точно можеби Грците ќе ти кажат браво но сите Македонци ќе те презираат мизеријо. Впрочем ти и ништо не направи ново само уништуваш. Со својата сопствена програма го избриша подот и виде дека мојата програма е навистина за почит и сега се што правиш е реализација на мојата програма.

Кажи мизеријо, една работа што направи за градот ново, а да е дел од твојата програма, немаш ништо затоа што не си способен, кажи еден нов проект – од идеја до реализација, немаш, затоа што не си способен.

На изградената спортска сала менуваш име како да е тоа толку голема работа,- можеби ќе го ставиш во отчетот.

На направен плоштад со македонски симболи ги скрвнариш и се поигриваш со чувствата на македонците тоа ли е твојот максимум, тоа ли е твојот врв.

А за крај да кажам: дали си свесен дека со ова само докажуваш дека моите проекти и дела се вредност за градот, а ти си само една обична ПОМИЈА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...