Со намера

Објавил: Калина Мартинска | 24 јули, 2024 13:12

Жител на велешко обвинет за предизвикување пожар

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице од велешкото село Горно Оризари за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 25-годишник, на 21 јули, на дива депонија во селото, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил. Со тоа обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села. Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава, информираат од Обвинителството.

Тошковски: Итно да се реорганизира целокупниот систем за справување со кризи

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

ВИДЕО: Полициските хеликоптери исфрлија над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница

Судот го прифати предлогот и ја определи бараната притворска мерка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести