Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 мај, 2021 21:17

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ!

Вели Заев, во Ресен, на 5 мај 2021 година: “По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ векови. Кој тоа ќе влезе во Европската Унија? Тоа сме го кажале секогаш. Така ги постигнавме и големите договори досега, штитејќи ја нашата национална посебност, тоа е македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

Затоа и Европа стои позади сите наши позиции. Но, драго ми е, што и Бугарија признава и кажува, дека тие немаат проблем со реалноста за Македонскиот јазик и Македонскиот народ, но ајде вели да ги утврдиме корените. Ќе ги најдеме и корењата ако бидеме паметни, на европски начин. Проблемот е нерационален, и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Македонија да биде членка на Европската унија и да се интегрира во меѓународните организации како што е ЕУ!“

Па, ми текна на “македонската жица“ на Заев во неговото интервју за БГНЕС, во “Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, од 10 декември 2020 година, дека секогаш постапувал европски и пријателски во односите со Бугарија: “Уште во 2013 година јас ја спомнав ‘македонската жица’ од еден македонски поет од Струмица каде се вели: Можете да ми ја скинете жицата од гитарата, јас ќе протегнам нова и ќе продолжам да свирам. Можете да ми ја скинете жицата на која сопругата простира алишта, ќе протегнам нова. Може да правите што сакате со било која жица, важна или неважна во мојот живот, но како на Господ ве молам – Не чепкајте ми ја жицата македонска, затоа што изгубен во времето ќе го барам семето одејќи по жицата!“

Одејќи по жицата од 2013 до 2019 година, Заев го смени името на државата Македонија и ја внесе државата во правен хаос и башибозук, непримерно во светската историја на народите и државите!

Прашање е денес, изгубен како прашина низ вековите, каде ќе ги отера Заев корењата на Македонците и на Македонија, кога Софија е децидна: До 1944 година Македонците се Бугари, Македонија е дел од Бугарија, а Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик!?

Нацијата веќе одамна се навикна на шарлатанот Заев и неговата марионетска влада во велепредавствата на нацијата и државата: Македонија од држава да конвертира во територија без народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија! Процесите на демонтажа на Македонската држава се одвиваaат по сите основи и во сите сегменти…

Се разбира, за волја на вистината, мораме да ја демистифицираме лагата која велепредавниците предолго ја развлекуваат кога велат: По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија!

Имено, Македонскиот идентитет не е само јазикот – Македонскиот јазик! Македонскиот идентитет е името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ и државата Македонија! Правото на самоопределување и самоидентификација како неприкосновено, неотстапно и неотуѓиво веќе апсолвирано право на Македонскиот народ на државата Македонија, не значи само право на Македонски јазик! Тоа во односите со Атина го имавме потврдено уште на Третата конференција на Обединетите Нации за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина од 17 август до 7 септември 1977 година, а во согласност со одлуката донесена од Економскиот и социјален совет на неговиот 1854-ти состанок од 4 мај 1973 година, далеку пред Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година.

Македонскиот идентитет значи име на државата Македонија, име на Македонскиот народ, име на Македонскиот јазик, право на македонска култура, право на македонска историја во континуитет од пред новата ера до денес! Правото на македонски идентитет не е право на соседите во негацијата на Македонија и Македонскиот народ по сите основи и од сите страни!

Токму промената на името на државата Македонија и опсегот на неговата употреба со билатерален договор претставува негација на македонскиот идентитет и суспензија на меѓународното право, и тоа е во спротивност со Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година! Затоа, Спогодбата Димитров-Коѕиас е ништовна!

Истовремено, Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година претставува флагрантно кршење на домашното право, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот на државата Македонија! А, меѓународните договори што не се ратификувани во согласност со Уставот НЕ се дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија!

Имено: (1) Спогодбата Димитров-Коѕиас не е ратификувана во согласност со Уставот и не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, што е во спротивност со членот 118 од Уставот, (2) Спогодбата Димитров-Коѕиас не е склучена од претседателот на Република Македонија, туку од министерот за надворешни работи кој нема активна легитимација во името на државата Македонија да склучува таков меѓународен договор, што е во спротивност со членот 119 од Уставот, (3) Спогодбата Димитров-Коѕиас не е во пописот и описот на прашањата опфатени со членот 3 од Законот за склучување, ратификување и извршување на меѓународни договори, да може Владата на Република Македонија да го склучи, (4) Претседателот на Република Македонија не го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас, што е во спротивност со членот 75 од Уставот, (5) Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас не е во согласност со членот 51 од Уставот, затоа што законите мора да бидат во согласност со Уставот, и (6) Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас е објавен во “Службен весник на Република Македонија“ без потпис на Претседателот на Република Македонија на Указот за негово прогласување, што е во спротивност со членот 52 од Уставот!

Иако според членот 52 од Уставот “Законите и другите прописи се објавуваат во ‘Службен весник на Република Македонија’ најдоцна во рок од СЕДУМ дена од денот на нивното донесување“, и “не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“, Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас донесен на седница на Собранието одржана на 5 јули 2018 година, без потпис на претседателот на Решублика Македонија на Указот за негово прогласување, во “Службен весник на Република Македонија“ е објавен дури на 14 јануари 2019 година, наместо на 12 јули 2018 година!

Да биде иронијата поголема, амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Македонија заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас, беа донесени на седница на Собранието на Република Македонија одржана на 11 јануари 2019 година, а Спогодбата Димитров-Коѕиас беше објавена во “Службен весник на Република Македонија“ три дена подоцна, на 14 јануари 2019 година.

Поради сето ова, новинарските наслови дека “Зоран Заев не е подготвен да ги жртвува идентитетот и јазикот доколку тоа е цената за влез во Европската унија“ се ветер и магла изгубени во времето и просторот!

Народот повеќе нема доверба во шарлатанот Зоран Заев, затоа што идентитет без име на држава при забрана за употреба на придавката Македонски/а/о од именката Македонија е демагогија веќе прочитана и разобличена!

Единствено решение од овој хаос и башибозук е итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, и со нота за тоа да се известат владите во Софија и Атина и генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации. Истовремено, генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации да се известат со нота за продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации под државното име Македонија!

Распуштањето на меѓувладините комисии со Софија и Атина за ревизија на македонската историја е исто така итно и безусловно барање!

Македонците по род и државјанство од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат нова октроирана политичка историја на Македонскиот народ и Македонија според интересите на Софија и Атина!

И на крајот, не смее да се заборави дека промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува! За овие дела, членовите на Владата и Собранието кои гласаа за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, кога и да е ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејствата дома и во светот!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Кога претседателот и Владата во мир не можат да се искоординираат, каква координација ќе имаат за време на војна, може само да се претпостави? Господ напомош со оваа марионетска и крајно неодговорна власт во државата Македонија, за што мора да сноси последици!

НЕКООРДИНАЦИЈА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ВЛАДАТА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА И ЈУЖНАТА ДРЖАВНА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНА МИГРАЦИЈА!

Дерогацијата на уставната положба на Претседателот на Републиката како Врховен командант...

Македонскиот претставник на Песна за Евровизија, младиот струмичанец Васил Гарванлиев, во телевизиско интервју се пофали дека има и бугарско државјанство!

Освен заедничка историја, со Бугарите сега имаме и заеднички пејач за Евровизија!

Без намера да ги оспорам потврдените музички квалитети на младиот уметник и неговото...