Португалецот беше обвинет за присвојување на сума од 3,3 милиони евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 февруари, 2019 15:57

Жозе Мурињо зад решетки ? Осуден на 12 месеци затвор

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Шпанските власти објавија дека, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер и Порто, Жозе Мурињо е осуден на 12 месеци затвор.

Оваа пресуда е дел од договорот што Мурињо го постигна со обвинителите во Шпанија. 
Мурињо нема да оди во затворот, бидејќи според шпанскиот закон, казната не може да биде ефективна, ако е за помалку од 24 месеци.

Португалецот беше обвинет за присвојување на сума од 3,3 милиони евра. Тој не ги објавил парите од имиџ правата пред даночните власти за време на сезоната 2011/2012 кога бил менаџер на Реал Мадрид.

Жозе Мурињо е португалски фудбалски менаџер и го има прекарот Специјалниот (Посебниот), кој што самиот си го измислил што подоцна бил прифатен од британските медиуми. За многу експерти, играчи и тренери Мурињо е еден од најдобрите менаџери во фудбалската историја. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Како и речиси и секоја голема приказна, така и онаа за Вардар има скромен почеток. Како фузија од два клуба Македонија и Победа во таа 1947 година во киното „Вардар“ во Скопје, се создаде клубот кој што подоцна ќе даде многу за фудбалот во поранешната држава Југославија, а потоа и во Македонија.

Среќен 72-ри роденден Вардаре!

Фудбалската гордост Вардар денеска слави 72 години постоење. 72 години симбол на Скопје,...