Мултипликација на жртви од корона вирус во Македонија. За среќа до сега, само жртви на идејата и стравот од корона вирусот.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 25 февруари, 2020 10:09

Жртви на корона вирус во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Жртвувањето е природна потреба на човекот. Постојат два типа на жртви, едните се жртвуваат од егоистични побуди, а другите од алтруистични. Себичните жртви виктимизирајќи се, постигнуваат остварување на одредена цел. Тоа значи дека тие го користат тоа што човекот е склон кон заштитување на послабите од себе како резултат на нагонот за одржување на видот. Од друга страна имате алтруистични жртви, кои во суштина се херои, бидејќи на свои плеќи ја носат туѓата тешкотија и болка во име на љубов или почит.

Деновиве во медиумите се шири вест за опасноста од пристугнување на корона вирусот во Македонија. Министерството за Надворешни Работи излезе со соопштение дека околу 23.000 Македонци имаат привремено или трајно престојувалиште во градовите каде што се појавиле случаи на корона вирус во Италија. Во меѓувреме на скопскиот аеродром пристигнува авион со патници од Италија. Во медиумите се појави веста дека во тој момент термалната камера на аеродромот не работела и дека патниците влегле во Македонија без никаква провека и контрола. После таа вест почна да се шири паника дека корона вирусот пристигнал и во Македонија. Утрово граѓаните кои поминувале покрај Државна Болница забележале екипи на ЕБР и помеѓу себе зборувале дека причината за тоа е појава на сомнителен случај на корона вирус во Македонија. Во исто време кога Венко Филипче споделува совети од СЗО како да ги зголемиме мерките за превенција од корона вирус.

Препораките од СЗО се често миење на раце особено пред да се приближат до носна или усна шуплина, добро термички да се обработи храната и да се користат заштитни маски доколку се излегува на јавни места каде што има многу луѓе.

На социјалните мрежи, пак, може да се прочитаат секакви упади

Од оние кои отворено го покажуваат стравот и паниката, до оние кои препорачуваат народна медицина во превенција од корона вирус, по славјанските рецепти – лук и ракија. Има дури и некои што од целата ситуација со корона вирус создаваат шеги и шеговито ја коментираат паничната реакција на другите. Можеби и со право бидејќи луѓето се склони кон тоа да предизвикуваат панични реакии пред другите и да ги изнудуваат. Тоа е дел од нашиот чопоративен менталитет, а стравот најбргу ги поврзува луѓето во чопор.

Од друга страна надлежните институции не се огласуваат со официјални известувања за подготвеноста на болниците и карантините за згрижување на евентуалните заболени пациенти. Со однос на брзината на ширење на вирусот и степенот на смртоносност, неподготвеноста на институциите би значела огромна паника помеѓу населението. Во паника пак се предизвикуваат многу несакани појави кои може да бидат пофатални од самиот вирус. Од таа причина вчера на твитер профилите од Италија се објави видео во кое рафтовите на маркетите се празни а луѓето влегуваат во војна за земање и на последниот производ преостанат. Борбата за преживување може да донесе анархија, тепања, убиства и сл.

Медиумите од корона вируси прават вести врз база на податоци кои се непроверени и неофицијално потврдени само за да стигнат до ексклузива или да ја зголемат читаноста

Луѓето пишуваат и објавуваат секакви податоци на социјалните мрежи кои ја зголемуваат паниката. Јавниот простор е прелавен со дезинформации околу корона вирусот и додека медиумите треба во овие моменти да се користат за шитење на конструктивни совети за заштита од корона вирусот, тие се зафатени со свиркачи, анонимни укажувачи и снимки кои денеска треба да бидат доставени до ЈО од страна на Милошовски.

Премногу внимание се дава на теми кои во овие моменти мора да бидат секундарни барем се додека надлежните институции не одговорат за стратегијата за справување со корона вирусот, додека не се обезбеди ограничување на движењето надвор од Македонија и во Македонија и додека Центрите за Јавно Здравје не соработуваат повеќе со медиумите во издавање на информации околу состојбата со корона вирусот во Македонија и отстранување на можности за шпекулации и ширење паника.

Жртвите од корона вирусот не мора да бидат зафатени de facto од самиот вирус, тие можат да бидат и жртви на паниката што се шири околу вирусот, на дезинформациите и шпекулациите.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна


Корона вирусот го смени светот. Ваков хаос не може да се создаде без план, ниту пак да помине без некој моќен да извлече ќар од оваа ситуација.

ЛАТАС: СЕВЕРНА е банкрот држава- СДСМ ќе си заминат богати, а ние ќе останеме со последици и долгови!

Епидемијата е во фокусот на внимание. Секаде. Работите околу вирусот, советите, теориите...

Владата мора да најде пари за плати на сите вработени од фирмите на кои им е наредено да престанат со работа: угостителство, туризам, транспорт, школи, факултети, трговски центри...

ЛАТАС: Филипче не е супермен- Никаков херој не е, туку збунет човек кој не ја контролира ситуацијата

Состојбата ни е вонредна. Сега и официјално. Вонредната состојба Пендаровски и Заев...

Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.

ВЕДНАШ ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ: Влегуваме во италијанско сценарио, време е за вонредни мерки!

Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве...