Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне.

Објавил: Сара Фемина | 16 јули, 2022 13:00

Забележано зголемување на трансмисија на коронавирусот – се препорачува носење на маска во затворени простории

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со КОВИД-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво. 

Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне. 

Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина. 

Во овој период препорачливо е при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. 

Просториите во кои се престојува подолго(канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. 

Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. 

Редовна хигиена и дезинфекција на раце, особено ако кивате и кашлате, а устата ја покривате со дланката наместо со внатрешноста од лактот, како што е препорачано. 

Доколку почувствувате некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш побарајте помош од вашиот матичен лекар и задолжително носете маска. 

Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта. 

Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање. 

Потсетуваме дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица. 

На крајот, а во услови на регионална и светска експанзија на вирусот, колку поголема лична одговорност покажеме, толку поголеми се шансите овој бран и поединечно и колективно полесно да го поминеме, односно да не дојдеме во состојба да мора повторно да се активираат некои мерки, а што е веќе случај во некои држави. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

На клиниката добиле рок за седум дена да постапат и да ги прочитаат сите резултати на пациентите.

Скандал на Радиологија: Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак пола година чекаат резултати

Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак повеќе од шест месеци чекаат да им се прочитаат...

Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Зголемен број на новозаболени од ковид-19, нови мерки засега нема

Согласно податоците што ги соопшти вчера Комисијата за заразни болести, забележан...

Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен...