Д-р Гал Пелег за израелскиот ТВ канал N12 изјави дека во болницата имало многу малку вештачки бели дробови, т.е. респиратори, кои ги одржуваат живи сериозно болните пациенти, поради што медицинските професионалци виртуелно донесуваат одлука за тоа кој ќе преживее.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2020 11:30

ЗАБОЛЕНИ КОИ СЕ ПОСТАРИ ОД 60 ГОДИНИ НЕ ГИ СТАВАМЕ НА РЕСПИРАТОР- Болна исповед на доктор од Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Борбата против коронавирусот станува се потешка. Нема доволно апарати за сите кои страдаат. Ние дозволуваме да умрат пациентите да се збогуваат со своите семејства, вели д-р Гал Пелег.

Израелски лекар кој работи во болницата во Парма вели дека на медицинските работници им било наложено заболените над 60 години да не се ставаат на респиратори!

Тоа зборува доволно за тешката состојба во северна Италија, епицентарот на смртоносниот коронавирус, кој досега зарази скоро 70.000 луѓе во земјата, а починаа дури 6.820.

Д-р Гал Пелег за израелскиот ТВ канал N12 изјави дека во болницата имало многу малку вештачки бели дробови, т.е. респиратори, кои ги одржуваат живи сериозно болните пациенти, поради што медицинските професионалци виртуелно донесуваат одлука за тоа кој ќе преживее.

Ситуацијата во болниците е катастрофална. Не се подобрува, туку се влошува. Ни беше наложено да не ги ставаме на респиратори заболените над 60-годишна возраст, бидејќи  нема доволно за сите за кои е потребно.

Освен респиратори, нема доволно и ЦПР-машини, поради што ние лекарите сме принудени да одлучиме кои пациенти ќе добијат третман за спасување на живот, вели д-р Пелег.

Поради алармантната состојба, владата во Рим беше принудена да преземе уште построги мерки и нареди затворање на сите продавници и компании чијашто работа не беше неопходна.

Експертите се надеваат дека оваа недела може да биде клучна , бидејќи се очекува новите мерки да дадат подобри резултати. Бројот на жртви и нови жртви конечно почна да се намалува, па се верува дека врвот помина, но рано е да се зборува за тоа. Вирусот најмногу ги зафати северните делови на земјата, додека на југ ситуацијата е малку подобра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иако се воведени добри мерки за контрола и превенција, бројот на новооткриени случаи брзо се зголемува.

КИНЕСКИТЕ СТРУЧЊАЦИ ВО СРБИЈА: Да се воведе полициски час од 24 часа- има премногу луѓе на улиците!

Голем број српски државјани не носат заштитни маски и на улиците има премногу луѓе,...

Бројот на смртни случаи од вирусот корона во Њујорк се искачи на 4.159 бидејќи вирусот се рашири на над 120.000 луѓе.

ЗАСТРАШУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ЊУЈОРК: Телата на умрените стојат во ходниците (ВИДЕО)

Десетици вреќи беа видени во болничките ходници во Њујорк, наредени еден врз друг,...