Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 11:16

Заборавањето на сигурносниот појас некогаш чини живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди е ниското ниво на употреба на сигурносни појаси. И покрај тоа што користењето на сигурносни појаси е законска обврска за која се свесни речиси сите возачи и патници, сепак голем дел од возачите и патниците не ја почитуваат оваа законска обврска, стои во соопштението на РСБСП.

  • Истражувањата покажуваат дека во Република Македонија, само околу 30% од возачите користат сигурносен појас. Тој процент е уште помал кога се работи за сопатниците на предното седиште, а за патниците на задните седишта, процентот на лица кои користат појас е приближно еднаков на нула.  
  • Во Македонија, според статистичките податоци, правилото за користење сигурносен појас, најмалку го почитуваат младите на возраст од 17 до 34 години.
Децата до 5 години задолжително треба да користат детско седиште врзано со сигурносен појас.

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот односно патникот.

Сигурносниот појас значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди.
Обврската за користење на сигурносни појаси се однесува на возачот, на сопатниците на предните седишта, но и на сопатниците на задните седишта, односно на сите седишта во возилото во кои има вградено сигурносен појас, возачот односно патниците, имаат задолжителна обврската за користење на сигурносен појас.
Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна за возачот и сите патници во возилото без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.Децата до 5 години задолжително треба да користат детско седиште врзано со сигурносен појас.Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со парична казна наменета исклучиво за лицето кое не користи појас без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште.

Истражувањата од релевантните меѓународни организации покажуваат дека 50% од возачите загинале поради тоа што не користеле појас, односно, сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајни незгоди дури до 50%.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.