Одлуката од вчерашната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Македонија, стапи на сила од вчера на полноќ.
Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот.
Исто така Владата на Република Македонија на влерашната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.
На вчерашната седница Владата донесе одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја.
На оваа своја седница, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.
Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка да изнесува повторно 18%.
Целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.
На предлог на Агенцијата за млади и спорт, на седницата е разгледана и усвоена и Информацијата за проектот „Дигитализирање на Европската младинска картичка“, кој како процес има за цел да им обезбеди на младите корисници на оваа картичка да ги користат услугите што се предвидени со неа преку своите мобилни уреди, потоа да се олесни дигиталното аплицирање за добивање на Европската младинска картичка, како и да се обезбеди едноставен пристап до сите информации каде и кои услуги можат да се добијат со оваа картичка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.