Внимавајте со возењето

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 јануари, 2022 7:26

Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради обилни врнежи од снег, утрово од 4:50 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово, соопшти Автомотосојузот.

Во северните и североисточните краеви на земјава поради врнежи од снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Македонија под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ бран од Африка – Но и можност за локално НЕВРЕМЕ!

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира...

Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

МАЈСКИ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Уште ПОТОПЛО во првите денови од новата недела!

Како што веќе најавивме денес претежно во западните предели ќе има појава на локален...