Уште еден негативно случување на граничниот премин "Јариње". Имено, целиот тим од Кошаркарскиот клуб Партизан беа спречени на граница,да влезат во Косово.

Објавил: Сара Фемина | 4 декември, 2018 17:11

Забрана на Косово – Кошаркарите на Партизан не добија дозвола да влезат во Косово

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српскиот клуб Партизан се упати кон Косово да даде голема поддршка на своите сонародници, кои протестираат против мерките на Приштина, но исто така мотивот беше да одиграат еден пријателски натпревар со Трепча. 

Претседателот на КК Партизан Остоја Михајловиќ изјави големо разочарување по овој немил настан што се случи на граничниот премин. Тој изјави дека : Европа не знае што се случува на Косово. Преминот ни е забранет. Сакавме мирно да протестираме со својот народ и да одиграме пријателски натпревар. Тие беа спречени да влезат на граничниот премин Јариње.

Актуелниот претседател на КК Партизан изјави големо разочарување за овој настан што се случи на граничниот премин Јариње.Од косовската гранична полиција беа вратени и спречени да влезат во Косово.

– Ни кажаа да одиме преку брдото, но не сакаме да ризикуваме апсење. Видете што се случува во 21 век, додаде Мијаиловиќ. Изјавија од клубот дека цел проблем настанал бидејќи тие претходно не бие најавени, дека ќе присуствуваат на протестите и дека требало да имаат дозвола за граничниот премин.

Од клубот изразуваат жалење дека се е ова спроведено од Косовската власт на чело со Рамуш Харадинај.

Најавија и жалба по повод ова случување. Остануваме да видиме дали некој од Српската власт ќе го коментира овој настан , кој се смета како уште една голема провокација од страна на косовската власт.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.